Mинесота Тимбервулвс, Филаделфија 76 и Њујорк Никс се франшизите со најлошиот учинок сезонава, а сите три екипи дополнително ослабнаа во последните две недели: Што од трејдот, што поради повредени кошаркари.
Но, која од овие три франшизи води во борбата за дното во лигата и право на еден од четирите најдобри пика на следниот драфт.
МИНЕСОТА ТИМБЕРВУЛВС
Рекорд: 13 победи и 46 порази (2-4 по завршувањето на преодниот рок)
Повредени: Мо Вилијамс, Тадеј Јанг, Шабаз Мухамед.
Tрејдувани: Гери Нел, Адриан Пејн, Кевин Гарнет.
Минесота долго време важеше за фаворит за најлошиот учинок сезонава, но во февруари имаат 5-6, по што малку се кренаа. Рики Рубио, Никола Пековиќ и Кевин Мартин се вратија после повредите во февруари и Минеаполис конечно има шанса да види за какви дела е овој состав.
Сепак, кобниот момент дојде на 22. февруари, кога се повреди Шабаз Мухамед, најважниот играч на Минесота сезонава (13,5 поени во просек по натпревар). Шабаз ќе го оперира прстот на ногата и ќе отсуствува долго време.
Од друга страна, Минесота го има Ендрју Вигинс, првиот пик на драфтот од лани, кој во потполност го замени Кевин Лав (замина во Кливленд).
Атмосферата ја разведри враќањето на клупската легенда Кевин Гарнет. Колку значи Гарнет за дисциплината во тимот, покажува и анегдотата што ја раскажа генералниот менаџер Флип Саундерс:
„Еден од нашите ветерани им кажа на помладите играчи, „Дечки, кога КГ ќе влезе во соблекувалната, подобро да ги исклучите мобилните телефони, во спротивно ќе ги најдете фрлени во тоалетот“, изјави Саундерс.
Во секој случај, Минесота има доволно талентиран состав да се избори за подобар пласман од Њујорк и Филаделфија иако игра во потешката Западна конференција.
ФИЛАДЕЛФИЈА 76'
Рекорд: 13 победи 47 порази (1-6 по крајот на преодниот рок)
Повредени: Мајкл Картер-Вилијамс, К.Џ. Мекданиелс
Tрејдувани: Иш Смит, Томас Робинсон
Статистички, К.Џ. Мекданиелс и Мајкл Картер-Вилијамс, лесно можат да бидат заменети во нападот, посебно вториов. 76-ите со право го трејдуваа Картер-Вилијамс затоа што беше најлошиот офанзивец во лигата. Но Филаделфија не победува поради нападот, туку повеќе поради одбраната.
Проблемот со предвидувањето на негативниот рекорд на Филаделфија е невозможноста да се сфати тренерот Хинки. Човекот е решен да губи до крајот на сезоната, со цел Филаделфија да го добие првиот пик на драфтот следната сезона.
Таквиот потег, Сем Хинки го оправда со ангажманот на Томас Робинсон, поранешниот петти пик на драфтот. Кошаркарската јавност во САД нема идеа зошто Филаделфија го потпишала кошаркарот кој само добро ќе заработи, а тешко ќе придонесе за подобри резултати.
ЊУЈОРК НИКС
Рекорд: 12 победи, 46 порази (2-3 по завршувањето на дед-лајнот)
Повредени: Кармело Ентони, Амаре Стадемаер, Пабло Приџони.
Последна аквизиција: Алексеј Швед.
Њујорк Никс победи на 12 натпревари сезонава. Според статистиката, триото Мело-Амаре-Приџони е најзаслужно за 6 од тие 12 победи. Сепак, најголем удел во играта на Никс сезонава имаше Квинси Ејси. А тој веќе не е дел од тимот на Њујорк.
Останати играчи кои ја носат играта на Њујорк Никс се Хозе Калдерон (ќе отсуствува две недели), Тим Хардавеј јуниор и Ленгстон Галовеј.
Сепак, најголемо разочарување за Никси е Андреа Барњани, за кој Њујорк некако е поврзан, па и покрај неговата очајна сезона, и натаму го чува во составот.
Дури и ако Њујорк заврши како најлош тим сезонава во НБА, договорот на Барњани важи до 1 јули, после лотаријата на драфтот. Никс ќе мора или да почекаат до 1 јули или да прашаат некоја екипа од малезискиот шампионат дали сакаат поранешен прв пик на драфтот.