Само еден човек направи повеќе пари од Коби во НБА

Легендата на Лејкерски која води во НБА по заработка од 2010-та, ќе се пензионира на крајот од оваа сезона со над 328 милиони долари добиени само од плати. Тоа го прави втор најплатен кошаркар во историјата.

 

Гарнет почна да игра во НБА една сезона пред Коби и беше пред него во однос на висината на платата се до сезоната 2008/2009. Најголемата плата во висина од 24 милиони долари, Гарнет ја земал во 2004-та, а Коби Брајант во 2014-та заработил рекордни 30.453.805 долари.


Во просек Коби Брајант во 20 години кариера заработувал по 16.411.903 долари годишно, 1,367.658 месечно или околу 44.000 долари на ден.

1 декември 2015 - 11:10