Како Кевин Гарнет стана најплатен во историјата на НБА

Ветеранот на Бруклин Нетс не бил никогаш сметан за еден од најдобрите кошаркари на сите времиња. Тој еднаш ја почувствува шампионската титула со Бостон, а кога ќе прочитате како му се полнела сметката во кариерата ќе сакате да ве посвои.

- Гарнет во 1995 беше висок 210 см и по пауза од 20 години беше првиот кошаркар кој од средно школо премина директно во НБА лигата.

- Минесота Тимберволс го одбра како петти пик на драфтот.

- По 10 години НБА забрани играчите да доаѓаат директно од средно и од тогаш стана задолжително играње во колеџ лигата.

- Тригодишниот дебитантски договор беше скромен за разлика од денешните плати и тој во првите три години заработи само 1,6 милиони евра по сезона.

- Следниот 6 годишен договор со Минесота на Гарнет му донесе 126 милиони долари, а го потпиша на 21 година.

- На 27 години го освои единственото МВП признание на сезоната и тогаш по втор пат стана слободен играч.

- Следуваше нов договор со Минесота од точно 100 милиони долари плата за 5 години.

- По третата година од неговиот договор со неговиот прв клуб каде заработи 186 милиони долари, тој на 31 година направи трансфер во Бостон.

 
- Со Селтикс потпиша 3 годишен договор вреден 51,3 милион долари.

- По завршување на сезоната 2011/2012 се повлече од кошарката со заработувачка од 27,9 милиони долари.

- Но тоа не беше крајот. Тој направи кам бек во Бостон и потпиша нов три годишен договор за 36 милиони долари.

- Откако во залезот на кариерата премина во Бруклин за 19 години играње кошарка заработи 315,4 милиони долари.

- Но има уште за кеширање. Гарнет има уште една година од договорот вредна 12 милиони долари.

29 април 2014 - 18:12