Сан Антонио во серија порази, Атланта рутински

Синоќа во НБА се одиграа 12 натпревари, а ноќта ја одбележаа враќањето на Кевин Гарнет во Минесота Тимбервулвс после осум години, како и неколку дерби средби.

Атланта Хокс го совлада Далас Маверикс 104:87 и така го запиша 45. триумф во сезоната, а втор по ред на домашен терен. Најзаслужен за триумфот беше сè подобриот Германец Денис Шродер со 17 поени. Кајл Корвер уфрли 16 поени.

Перо Антиќ одигра 17 минути, но не успеа ниту еднаш да се запише во листата на стрелци. Перо имаше 0/3 за три поени, два скока, една асистенција и една загубена топка. Кај Маверикси, кој играа без суспендираниот Ражон Рондо (се скара со тренерот на Мавси), најефикасен беше Монта Елис со 19 поени.

Актуелниот шампион Сан Антонио го доживеа четвртиот последователен пораз, откако синоќа загуби во Портланд 111:95. Вес Метјус уфрли 31 поен, а голема поддршка имаше и од Олдриџ кој додаде 11 поени со 13 скокови. Ова беше прва победа за Портланд после Ол Стар вечерта и четврти пораз за Сан Антонио.

Треј Блејзерси погодија 13 од 26 обиди за тројка и успеа да ја сочува предноста дури и кога Спарси намалија на -4 пред финишот.

Во „Тарџет центарот" во Минеаполис, после осум години се врати Кевин Гарнет, легендата на Минесота, франшиза за која играше цели 12 години. Вечерта беше предодредена за неговото враќање, кој во својата сала беше пречекан со овации.

Волците му вратија на КГ со победа над Вашингтон 97:77, а Гарнет за 19 минути уфрли пет поени, осум скока и две блокади. Најефикасен беше Кевин Мартин со 28 поени, Никола Пековиќ запиша 15 погодоци и 13 скокови.

Во „Тојота центарот“ Хјустон ја забележа 39 победа во сезоната, синоќа славеше против ЛА Клиперс 110:105. Првотимците на Ракетите треба да бидат среќни од партијата на резервистите, кои го решија мечот во последните 12 минути.
 
Џејмс Харден повторно беше најефикасен во својата екипа, постигна 21 поен, но имаше слаб шут од игра (4/14), како и десет асистенции. Одлична партија пружи Кори Бруер (7/17) и ја заврши средбата со 20 поени. Тревор Ариза запиша 17, а Давидас Моциунас 18 погодоци за Хјустон. Кај поразените Клиперси, ДеАндре Џордан беше најдобар со 22 поени и дури 19 скокови.
 
 
РЕЗУЛТАТИ:
 

Орландо - Мајами 90:93
Атланта - Далас 104:87
Бостон - Њујорк 115:94
Чикаго - Шарлот 86:98
Хјустон - ЛА Клиперс 110:105
Милвоки - Филаделфија 104:88
Минесота - Вашингтон 97:77
Њу Орлеанс - Бруклин 102:96
Денвер - Феникс 96:110
Јута - ЛА Лејкерс 97:100
Сакраменто - Мемфис 102:90
Портланд - Сан Антонио 111:95