Браќата Драгиќ за првпат се судрија со својот довчерашен клуб и во новиот дрес на Мајами славеа победа во доста напнатиот натпревар, 115:98.
Најпрвин Маркиф Морис беше исфрлен од мечот поради два намерни фаули над Горан Драгиќ:
Тензијата кулминираше кон крајот на третиот период кога се грабнаа Хасан Вајсајд и Алекс Лен, под кошот на Мајами:
Сепак, предводени од Тајлер Џонсон со 26 поени и Горан Драгиќ со 21 погодок, Мајами славеше убедлив триумф. Борбениот Хасан Вајтсајд имаше 17 поени и 10 скокови, а Двејн Вејд уфрли 16. Пи Џеј Такер беше најефикасен кај Санси со 20 поени и 14 скокови, а Ерик Бледсо постигна 20.
Рики Рубио имаше трипл-дабл со 18 поени, 12 скокови и 11 асистенции во поразот на Минесота од Л.А. Клиперс 110:105:
На истата средба, искри летаа меѓу Кевин Гарнет и Остин Риверс, синот на поранешниот тренер на Гарнет во Бостон, Док Риверс. Остин во моментов игра за Клиперси, а по туркањето, двајцата добија двојни технички грешки: