Од каде потекнува традицијата титула во НБА да се слави со пура?

Ред Ауербах бил најинтригантниот НБА тренер на сите времиња. Тој е основополжник на современиот баскет а неговата итрина со пура да покажува надмоќ и да ги иритира противниците на сред паркет денес стана неизбежна традиција при прославата на шампионски прстен во НБА.

Во 2016-та година Голден Стејт водеше со огромни 3-1 против Кливленд во финалната серија и Стеф Кари веќе си приготвил убав подарок - скапоцена пура која се спремал да ја распали после шампионската титула. Вориорси сензационално изгубија, Леброн им донесе на Кавалирс титула со луд пресврт.

Кари после тоа редовно споменувал како од претходното финале со Кливленд, најмногу се сеќава на мирисот на пура и димот кој излегувал од соблекувалната на Кавалирс.

Вориорс следната сезона убедливо стигна до шампионскиот прстен, па Стеф ја распали пурата која ја држеше дури и во импровизираното студио на сред паркет.

„Победничката пура“ на почеток имала сосема поинакво значење од она денес. Барем така секогаш тврдал зачетникот на оваа традиција - легендарниот тренер на Бостон Ред Ауербах.

Тренерот на Селтикс најмногу од се сакал три работи: кока-кола, кинеска храна и пура. Ама приказната е сосема поинаква:

„Сè тргна од тоа што јас не можев да разберам кога универзитетски тренери или кои било други тренери, кога нивниот тим води 25 поени на три минути до крајот, па одат по страна, нешто викаат и глумат дека со сета сила го водат тимот. А само поради тоа што ги даваат на телевизија и сакаат признание. За мене тој меч е готов. Готово е, треба да мислиме на следниот натпревар.

Затоа јас седнував на столче, палев пура и просто гледав. Мечот е готов, без оглед што сакате да трае. Не сакав никому ништо да докажувам, не сакав да се претварам дека сум најкул тренер со водство од 25 поени. Зошто тоа? Да победиш 30 разлика? Каква врска има?

Тогаш комесарот Морис Подолоф ми кажа дека не смеам да пушам на клупата. Но во тоа време сите тренери пушеа. Му одговорив: „Да не е ова авион па смееш цигари а не смееш пури? Не оди така, не се согласувам.

Некои тренери беа навредени. Мислеа дека покажувам презир. А пурата е просто симбол на релаксирање. Цигарата е симбол на напнатост. Тогаш им кажав дека добивам пари за реклама. Тоа малку ги потсмири. Како можете да спречите човек да заработува пари? Но навивачите погрешно сфатија се“, раскажал легендарниот Ред Ауербах кој како тренер освоил 9 титули во НБА, 11 пати беше Ол-Стар тренер и бил тренер на годината во 1965. Почина во 2006-та.

 „Ред мразеше да губи. Мразеше да губи во што и да е. Кога еднаш бевме во бар и Џим Лоскутоф од Селтикс се бореше на раце со Дик Гармејкер од Лејкерс, Лоскутов тогаш беше потежок 20 килограми, но Гармејкер од прва го бутна. Ред дојде и му кажа: „Не може вака. Гармејкер го креваше лактот.

Гармејкер одново го бутна Лоскутоф, а Ред пак кажа: „Гармејкер стана од столицата“. И така одново и одново се повторуваше. Лоскутоф губеше и губеше. После му рековме на Ред: „Ти ја доведуваш келтската гордост до апсурд“.

Ауербах е познат како основоположник на современата кошарка - тој бил прв кој градел одбрана околу доминирачки центар и го препознал значајот на брзо играчко темпо и слобода за ниските играчи. Во соработка со најдобриот блокер на сите времиња Бил Расел и со Боб Кузи и Сем Џонс тој од нула направил династија со Бостон Селтикс кои освоиле 11 шампионски титули во ’50-те и ’60-те години.

Но Ауербах бил познат и по тоа што до постигнување на целта користел разни трикови и направил цел систем на финти со цел да има психолошка предност над противникот. Лукавиот Ауербах бил најзаслужен за шампионските титули на Бостон Селтикс.

Надвор од паркетот знаел: да бара да им се вклучи аларм за пожар на противниците во хотелот сред ноќ, да ги стави противниците во соблекувална каде нема топла вода (некогаш дури ни воопшто вода), а еден тоалент никогаш не работел, па им пуштале некомфорен температурен режим итн.

Итриот Ред Ауербах кој важи за еден од најдобрите тренери на сите времиња знаел на паркетот: да ги убеди противниците дека немаат потреба да стојат до нивниот играч при судиско потфрлање, во спорни сутации барал од играчите да го зграпчат баскетот и да го довршат нападот додека судијата не донесе конечна одлука, па да не му ја фрлаат топката на судијата туку на противничкие играчи, за да имаат време побрзо да се вратат во одбрана додека судијата додели топка итн.

Исто знаел и да запали пура зошто совршено добро знаел колку ќе ги разгневи сите. Поради оваа навика повеќе пати се судрил и со противничките навивачи, а едно време дури и завршил зад решетки во Синсинати кога некој навивач пробал да го удри, ама Ред успешно го нокаутирал. После морал да зајми пари од помошникот за да плати кауција да излезе на слобода.

Општо, целата НБА лига била убедена дека победничката пура на Ред Аурбах е симболичен гест. Тој понекогаш и дувал чад во лицето на поразениот и кревал чалам. Палел пура не за да остане во сенка од настаните, туку напротив уште повеќе да го привлече вниманието кон себе и да покаже кој е најзаслужен за резултатот. Просто легенда од тренер.

Пурата станала незаменлив дел од натпреварите на Селтикс.

„Лично слушав како Пол Сејмур викаше дека повеќе од титула сака Селтикс да изгубат за да Ауербах да запали пура, а овој да отиде кај него и да му ја пикне во уста“, раскажал еднаш Боб Кузи. Мене пурата многу ужасно ми сметаше. Од некоја причина сите мислеа дека играчите на Бостон ја сакаат пурата, ама тоа воопшто не беше точно. Играме на гости, Ред пуши пура на клупата, а ние седиме меѓу двајца полицајци. Од ведро небо наеднаш цела сала цела публика почнува да беснее лута, а ние сè слушаме“

Ама најинтересно е што ниеднаш не изгубивме кога тој палеше пура.

Френк Ремси раскажал во една прилика за лудиот Ред Ауербах:

„Кога еднаш видов како Ред се спрема да пали пура, му реков: ’Ред, уште не е време’. А тој ми одговори: ’Мечот е готов’. Не, му реков, Ред, уште не е. И запали. Го прашав: „Ред, а што ако сега изгубиме?“ Јас знаев дека сите стануваа бесни кога тој палеше пура. Ми одговори: „Нема да изгубиме“. Алекс Ханам еднаш кажа како не сака ништо на светот повеќе од тоа да му ја бутне пурата на Ред во грло“.

А најјака анегдота за која Ред лично раскажал се случила пред еден меч:

„Еднаш дојдовме да играме во Синсинати. А таму управата на Ројалс пред натпреварот на своите навивачи им поделила 5.000 пури. Планот им бил сите да запалат пури откако ќе не победат. Па има ли поголема мотивација од тоа: Јас така ги наапав момците што уште во прво полувреме ги потопивме, па пола од нив на полувреме ги фрлија пурите“.

Но во последниот меч во тренерската кариера, седмиот натпревар во финалето, Ред за малку ќе се зезнел.

Бостон Селтикс водел 19 поени разлика на полувреме. И на 16 секунди до крај на +6 за Келтите, Ред извадил пура а гувернерот на Масачусетс гордо му ја запалил. Ама од тој момент Бостон имал неколку изгубени напади по ред, па на 4 секунди до крајот Лејкерс се вратил на 95:93 и тргнале во јак пресинг по цел терен.

Селтикс ја држел топката до сирената за крај. Многу играчи и навивачи го запамтиле тоа финале по дрскоста на Ауербах кој си дозволил да седне на столица и запали пура во така критичен момент. После пар години Џери Вест, Елџин Бејлор и тренерот на Лејкерс се присетиле на таа монструозна ароганција која што ги прогонувала после тој пораз.

Во големото славје на шампионска титула, навивачите влетале во терен и му ја избиле од рака пурата на Ауербах. А тој како ништо да не било извадил од џеп уште една.

Во средината на ’60-те години Ред Ауребах станал претседател на Селтикс и неговата пура се појавила на клупата уште некој пат.

Се се сменило кога во Бостон Селтикс дошол легендарниот Лери Бирд кој како никој претходно ја делел желбата на претседателот Ауербах да ги иритира противниците со чад од пура. После финалето во 1981-ва Лери Бирд отишол кај Ред и му побарал пура, а Кевин Мекхејл побарал од Ред да им подели на сите по една пура.

Така се појавила и една од најпознатите фотографии во историјата на НБА - „Кралевите на Бостон“.

Од тогаш секоја прослава во НБА ретко поминувала без запалена пура од шампионскиот тим. Сите го копирале Ред Ауербах и неговиот стил со кој направи хегемонија со Бостон Селтикс. На почетокот на ’90-те години пурите веќе традиционално влегоа во сите шампионски соблекувално. Најапетитно ги пушеше Мајкл Џордан. Подоцна пура се палеше и при прославите на титули на Лејкерс, на Далас, на Кливленд, Сан Антонио, Голден Стејт па сега одново Леброн со ЛА Лејкерс.