Бостон е на само една победа до рекордната 18-та титула во НБА лигата откако во третиот натпревар од финалната серија славеше 106:99 против Далас.
Никој во историјата не успеал да се врати и да слави титула после негатива од 3:0.
Мечот се одигра со големи осцилации во играта на двете екипи кои имаа свои блесоци. Бостон на стартот од последната четвртина стигна до највисоки +21 (91:70). Но домаќините не дозволија дебакл и се вратија силно со серија од 22:2, на само поен негатива (92:93).
Натпреварот имаше бурна и драматична завршница, а Лука Дончиќ на 3 минути до крај доби шеста лична грешка и предвреме ја заврши средбата.
Словенецот го заврши мечот со 27 поени, но овој пат со голема поддршка од Кајри Ирвинг кој постигна 35.
Во победничкиот тим најдобри беа Тејтум со 31 и Браун со 30 поени.
Четвртиот и можеби решавачки дуел се игра во сабота наутро во 2:30, повторно во Тексас.