Еден од најчудните и најжални примери за тоа како може да се падне од врвот на дното е Делонте Вест, поранешен бек на Кливленд Кавалирс, Далас Маверикс, Сиетл Суперсоникс и Бостон Селтикс кој во 2004 година бил избран како 24-ти пик на драфтот во НБА.
Американската јавност се шокирала откако во јавноста се појавија две видеа на кои се гледа Делонте Вест во очајна состојба. На едното видео, врзан со лисици зборува дека бил нападнат од некој вооружен човек, а на друго видео од далеку се гледа како некој напаѓач брутално шутира човек кој лежи на сред улица. Многумина го препознале Делонте. Меѓу нив и некои кои учеле во школо со него.
Apparently Delonte West was seen getting beat up in the street this Morning. I went to school with him and it’s crazy to see just how his life has gone downhill since the NBA. pic.twitter.com/chm6Sbu9h6
— Measha⚡️ (@N90sKindOfWorld) January 20, 2020
Slim doing bad NBA need to offer him some help pic.twitter.com/b7MtTj9JAt
— Maybe: Damani (@damani_givens) January 21, 2020
И минатата година се појавила фотографија кога наводно Делонте просел на улица и барал помош:
Според американските медиуми, Вест пати од сериозни психички проблеми а пред неколку години и му дијагностицирале шизофренија. Неговите најблиски и неговиот некогашен агент по една фотографија на која тој е во лоша состојба, рекле дека Делонте во 2016-та година бил на лекување но во болницата му дале погрешни таблети поради кои халуцинирал и излегувал бос надвор на улица.
Кога некој фан му се приближил, го прашал: „Ти си Делонте Вест, така?“, а овој одговорил: „Некогаш бев, но не сум во тој живот веќе“.
Во најдобрата лига на светот Делонте помина 8 сезони и имаше забележителна кариера. Беше еден од најдобрите соиграчи на Леброн во првиот престој на Џејмс во Кливленд:
Во еден период таблоидите во Америка пишувале дури и за наводна врска меѓу мајката на Леброн Џејмс, Глорија Џејмс и Делонте Вест. Тој негирал:
Но уште како играч тој демонстрирал и чуден карактер и психички проблеми. На прес-конференциите давал изјави за своето бесконечно страда.
И покрај тоа Делонте во својата богата кариера успеал да ги победи своите демони, а во 2011-та година новинарот Цви Тверски од Slam Online напишал цел материјал со исповедта на Делонте. Тогаш Вест уште не беше надвор од НБА иако беше слободен агент.
Животната приказна на Делонте во кратко видео: