Луда тројка со звукот на сирената, Торонто се извлече во последна секунда

НБА плејофот од ноќ во ноќ станува сè појак. Синоќа кошаркарите на актуелниот шампион Торонто со кошот на О-Џи Ануноби буквално во последна секунда го совладаа Бостон и намалија на 2-1 во полуфиналето на Истокот.

Најефикасен кај победникот беше Кајл Лаури со 31 поен, Ванвилт даде 25, Сиакам 16 а јунакот Ануноби 12. Кај поразените Селтикси кои сега водат 2-1, Кемба Вокер уфрли 29, 19 Браун а Џејсон Тејтум 15.

Во првиот меч од полуфиналето на Западот, ЛА Клиперс го растурија Денвер со 120:97 и поведоа со 1:0 во серијата. Кавај Ленард ги водеше Клиперси до 29 поени, Пол Џорџ имаше 19 со 7 скока, Морис 18, Херел 15 а Лу Вилијамс 10 поени. Кај Нагетси Јокиќ константен со 15 поени, 3 скока и 3 асистенции, Милсап 13 поени и 9 сока, Морис, Грент и Мареј по 12 поени.

4 септември 2020 - 10:23