Таг: нба плејоф 2020

До кого беше првиот повик на Леброн од шампионската прослава во соблекувална

„Низ што сè не помина, што сè јас не видов, нема ништо што ќе ме сопре. Се надевам дека те направив горда, мамо“. Кралот Брон со трипл-дабл го реши Мајами, стави точка на финалето, на Лејкерс му ја донесе рекордната 17-та титула а на себе 4-та во кариерата. Првиот повик беше до мајка му Глорија.

Џими Батлер со 40 поени и трипл-дабл ги разби Леброн и Ентони Дејвис

Откако ЛА Лејкерс убедливо го совлада Мајами во првиот меч од големата финална серија, па спокојно го добија и вториот, сите го сметаа за завршено НБА финалето. Сите освен Мајами Хит.

Леброн го потопи Денвер и ги однесе Лејкерс во прво финале после 9 години

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс со 117:107 го совладаа Денвер и станаа конференциски шампиони на Западот. Сега ги чека големо финале против Мајами или Бостон Селтикс каде води Хит.

Банана број 1 на сезоната во НБА

Со победа од 117:114 Мајами ја отвори финалната серија во Источната конференција против Бостон, а потегот за кој сите зборуваат е оваа лудачка блокада на Адебајо, кој го залепи Тејтум.

Дебелкото со кој никој не сакал да игра баскет, стана главна ѕвезда во НБА

Ден-денес се прераскажува анегдотата за тоа како најпознатиот кошаркарски менаџер во Европа, Мишко Ражнатовиќ го пронашол Никола Јокиќ.

Еден е Никола Јокиќ - мајсторот го носи Денвер во мајсторка

Неверојатно, но вистинито е дека Денвер Нагетс досега веќе 5 пати можеа да испаднат но се покажаа како тврд орев во плејофот и сега во мајсторка ќе се борат за финале на Западот.

Без старца нема ударца - Раџон Рондо стварно е плејоф играч

Во трите победи од серијата против Хјустон (3-1) Лејкерс доби силен ветер во грб од повратникот од повреда Раџон Рондо кој со месеци баскет не пипнал.

Куче на новинарка го прекина пресот на Лејкерс, Ентони Дејвис збунет

ЛАЛ со 110-100 го победи Хјустон и поведе со убедливи 3-1 во полуфиналната серија на Западот. Ентони Дејвис одново играч на мечот со 29 поени (10/18 од игра, 9/9 од линијата за слободни) и 5 асистенции. После мечот видно расположен за муабет, ама една новинарка дошла со домашниот миленик на сред прес па песот лаеше.

Леброн делеше банани како на баскет во маало

Лејкерс го доби Хјустон со 112-102 и поведе со 2-1 во исклучително тесно конференциско полуфинале против Рокитс. Брон со 36 поени, 7 скока и 5 асистенции беше играч на мечот а ќе се памти и што удри дури 4 блокади во една четвртина. Особено јака беше онаа над Остин Риверс.

Банана на сезоната во НБА - Кавај со среден прст

Ѕвездата на ЛА Клиперс, двократен шампион во НБА со Сан Антонио Спарс и Торонто, Кавај Ленард важи за еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Синоќа на третиот меч од плејофот меѓу Клиперс и Денвер Нагетс, на две минути до крајот го изблокира Џамал Мареј со среден прст.

Луда тројка со звукот на сирената, Торонто се извлече во последна секунда

НБА плејофот од ноќ во ноќ станува сè појак. Синоќа кошаркарите на актуелниот шампион Торонто со кошот на О-Џи Ануноби буквално во последна секунда го совладаа Бостон и намалија на 2-1 во полуфиналето на Истокот.

НБА плејофот се разгорува

Оклахома Сити Тандер успеа да се избори за мајсторка против Хјустон во серијата која во моментов е 3-3. Мајами го изненади големиот фаворит Милвоки Бакс.

Никако не можеа да го сопрат Дончиќ, па намерно го удираа

Кошаркарите на ЛА Клиперс го елиминираа Далас Маверикс со 4-2 во првата рунда од НБА плејофот. Лука Дончиќ и на шестиот меч по ред беше фантастичен, со неверојатни 38 поени, 9 скока и 9 асистенции. Во целата серија Дончиќ беше грубо физички удиран од противничките кошаркари, а најбезобразен беше Маркус Морис.

Тренерот на ЛА Клиперс емотивно зборуваше за црнците во Америка

По последните настани во Кеноша каде полицијата уби неколку лица во масовните протести кои почнаа по убиството на Џејкоб Блејк, многу НБА кошаркари и тренери решија дека е време да кренат рачна додека не се смират страстите. „Зошто и натаму ја сакаме оваа земја кога она не нè сака нас“, прашува Док Риверс.

НБА лигата суспендирана поради убиствата во Висконсин

Кошаркарите на Милвоки Бакс синоќа одбија да излезат на паркетот пред стартот на петтиот меч од првата рунда во плејофот на Истокот против Орландо.

Лука Дончиќ е тотално луд

Кошаркарите на Далас Маверикс израмнија на 2-2 во серијата против фаворитот за титулата ЛА Клиперс, откако вечерва славеа благодарение на нереалниот Дончиќ чија легенда доби ново поглавје.

Лејкерс победи во меч од плејоф првпат после 3.015 дена!

На 19 мај 2012 година, во култниот „Стејплс Центар“ во Лос Анџелес, Лејкерс играа во втората рунда од плејофот со фаворитот во таа серија Оклахома Сити Тандер. Изгубија на првите два меча и ги чекаше трет.

Првиот ден од најјакото во НБА - Мичел даде 57 поени, Дончиќ со нов рекорд

Трите рекордни поентерски подвизи во плејоф натпревари во НБА се Мајкл Џордан (63 поени во 1986-та), Елџин Бејлор 61 поен во четвртиот меч од драматично финале во 1962-ра и...