На тој трет натпревар во тесна завршница, слободни фрлања подобро изведуваа Коби, Пау Гасол и Мета Ворлд Пис, па Лејкерс триумфираше и намали на 1:2 во серијата.
Верувале или не, од тогаш повеќе Лејкерс веќе не победил во плејоф серија. Цели 8 години!
Нивната последна радост во доигрувањето беше толку одамна што за франшизата играше Ендрју Бајнам а во составот на Оклахома беше Џејмс Харден. Оклахома таа сезона стигна до финалето каде им се испречи страшниот Леброн кој стигна до прстенот.
Додека ЛА Лејкерс немаше победа во плејофот, Леброн освои уште две титули, ја сруши и династијата Голден Стејт Вориорс, а Тим Данкан го стигна Коби Брајант по бројот на шампионски прстени, а макар една победа во плејофот имаа дури 26 од вкупно 29 клуба.
Во овие 8 години по последната победа на Лејкерс во плејофот, до синоќа, во НБА се сменија многу нешта: Хауард дојде во Лејкерс во 2012 но замина по чистката 0-4 од Сан Антонио во 2013-та. Лејкерс забележа и негативен рекорд по број на порази во 2015-та, па уште еден нов во 2016-та, смени 6 различни тренери и 3 генерални менаџери.
За Лејкерс во овој како разигрувачи играа Стив Неш, Кендал Маршал, Џереми Лин, Д'Анџело Расел и Лонѕо Бол.
Нов лидер на клубот е Леброн Џејмс но дури и нему не му тргна од рака веднаш да ги врати ЛАЛ на старата патека на успехот. Годинава тимот го засили Ентони Дејвис и работите полека дојдоа на свое место, иако во првиот меч од Плејофот Лејкерс неочекувано изгуби од Портланд.
Синоќа израмнија на 1:1 (111:88) и тоа беше прва победа за Лејкерс во плејофот после дури 3.015 дена!