Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Клиперс во шестиот меч од серијата на полуфиналето на Западот со 111:98. Иако со една нога беа во амбисот и губеа со 1-3 во серијата, израмнија Нагетси на 3-3 и сега ќе има решавачка „мајсторка“.
Денвер синоќа втор меч по ред играше под огромен психолошки притисок затоа што пораз ги водеше во елиминација и испаѓање.
Минатиот пат надоместија неверојатни 16- поени разлика, а синоќа дури 19- и тоа во второто полувреме. Потполна лудост!
Никола Јокиќ ја импресионираше светската јавност со 34 поени (13/22), 14 скока, 7 асистенции и 1 украдена топка.
hahahhaaahaha pic.twitter.com/pqAdUE6eRj
— Rob Perez (@WorldWideWob) September 13, 2020
Во НБА плејофот при резултат 1-3 во серијата за еден од тимовите, 11. пати ривалот успеал да направи тотален пресврт. Синоќа Денвер го направи 12-от камбек во историјата на лигата.
11 points in the fourth to close it out.
— Denver Nuggets (@nuggets) September 13, 2020
Nikola ain't ready to go home yet! pic.twitter.com/PNMiahBm71
Нагетси во првата рунда против Јута Џез еднаш заглавија во кал со 1-3, но покажаа зошто беа една од најдобрите франшизи на Западот во регуларниот дел и се вратија целосно. Благодарение на лудите Никола Јокиќ и Џамал Мареј (постигна 50 поени за 3-3 во серијата против Јута инспириран од протестите против полициско насилство над црното население).
ЛУДИ, НАЈЛУДИ ПРЕСВРТИ ПРОТИВ ЛА КЛИПЕРС
Jokic feeling it. pic.twitter.com/m474G1jUd0
— ProCity Hoops (@ProCityHoops) September 13, 2020
Лос Анџелес Клиперс долго време важеше за главен фаворит за титулата во НБА, букмејкерите ги ставаа дури и пред нивниот градски ривал ЛА Лејкерс.
Клиперси предводени од Док Риверс имаат сјаен состав и поведоа 3-1 во серијата против Нагетс. И кога сите мислеа дека е готово и Денвер беше прежален (коефицент за триумф на Нагетс 4.00, а за ЛА Клиперс 1.25), Јокиќ и Мареј решија да прават забава.
Во Game5 Клиперс имаше предност од 16+ поени на полувремето и одбрана која го задржа Денвер на само 47 поени. А синоќа на полувремето имаа страшни +19 поени предност (47:63) и веќе ја отвораа вратата на финалето на Западот.
Ама Никола Јокиќ беше творец на пресвртот и погодуваше буквално од секој напад. Тренерот Мелоун ја затегна одбраната и Денвер до крајот со фуриозна игра направи историски пресврт за 3-3 во серијата.