Овој гест на Милвоки ги повлече и другите франшизи брзо да реагираат не само со поддршка со зборови, туку и со дела.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс и Портланд Трејлблејзерс кои требаше исто така да го одиграат 5-от меч во серијата во четврток од 3.00 часот по средноевропско време, одлучија да не играат кошарка.
Се очекува и Торонто и Бостон да го бојкотираат натпреварот од полуфиналето на Истокот кој е закажан за ноќта меѓу четврток и петок.
Причината за ова се последните настани во Кеноша, држава Висконски каде во изминатите неколку денови полицијата застрела неколку црномурни лица во протестите поради убиениот Џејкоб Блејк (едно лице на кое полицијата му пукала во грб останало парализирано). Во моментот на инцидентот, според зборовите на адвокатот, во колата имало три деца од 3, 5 и 8 години.
Сега во Висконси има масовни протести поради полициските убиства на неколку лица.
Познато е само дека сите пет меча во серијата ќе бидат одложени а што ќе биде понатаму ќе одлучат играчите на состанок со раководството на НБА лигата кое треба да се случид енес.
Играчите сметаат дека нивните акции се мирни и се во знак на солидарност со движењето Black Lives Matters.
Многу кошаркари рекле дека последните убиства во Висконси многу ги погодиле и дека не се во состојба да играат кошарка. Повеќето од НБА ѕвездите се под притисок од црната заедница која смета дека играчите недоволно се трудат и не се спремни да пожртвуваат ни пари ни привилегии за општо добро.
„Отворено да зборувам, ова е ужасно. Ние црномурните Американци сме исплашени. Ужаснати сме. Излегуваш од дома и не знаеш како ќе заврши денот. Ако тврдите дека полицајците не можеле да го смират и да го задржат лицето без пукање, вие лажете. Ме лажете не само мене туку и секој црнец. Ние гледамо едно исто одново и одново.
Ако го погледнете видеото ќе сфатите дека они (полицајците) ги имаа сите можности да го совладаат лицето, да го турнат. Можеа да го фатат. Можеа се да направат се што треба. Но зошто секогаш мора да заврши со пукање?
Сметам дека огненото оружје е огромен проблем во Америка. Го користат не само за лов, туку мислам дека и кога одат за лов на црнци“, револтирано изјавил Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар во НБА лигата.