НБА плејофот се разгорува

Оклахома Сити Тандер успеа да се избори за мајсторка против Хјустон во серијата која во моментов е 3-3. Мајами го изненади големиот фаворит Милвоки Бакс.

ОКЛАХОМА СИТИ ТАНДЕР - ХЈУСТОН РОКЕТС 104-100 (3-3 во серија)

Овој е еден од најинтересните парови досега во плејофот. Хјустон имаше 2-0, но Оклахома се врати на 2-2, па откако го изгуби петтиот меч, успеа во шестиот да победи и да израмни на 3-3.

Лидерот на Оклахома Сити Тандер Крисол Пол постигна 28 поени од кои 15 во последната четвртина (со две тројки по ред), Галинари уфрли 25 а резервистот Денис Шродер 15 поени, доволни за триумф над Рокетси.

„Некој бега од одговорност, а некој сака да превземе. Обожавам да играм со него“, вели Крис Пил за Денис Шродер.

Кај Хјустон Џејмс Харден слабо шутираше за 3 (само 3/11), но добар во остатокот (32 поени, 11/22 од игра, 7 асистенции и 8 скока). Роберт Ковингтон уфрли 35 поени (4 тројки), а Расел Вестбрук 17 поени но и 7 изгубени топки. Токму овој податок со 22 изгубени топки беше пресуден на крајот.

МИЛВОКИ БАКС - МАЈАМИ ХИТ 104-115 (0-1 во серијата за Мајами)

Некогашниот шампион игра сјајно по рестартот на сезоната и уште не знае за пораз во плејофот. Синоќа ја урнаа најдобрата екипа на Истокот благодарение на неверојатниот Џими Батлер кој уфрли 40 поени и Словенецот Горан Драгиќ кој запиша 27. Бам Адебајо даде исто голем придонес со 12 поени, 17 скока (6 офанзивни) и 6 асистенции.

Милвоки Бакс, како и во првото коло од плејофот против Орландо, го изгубија првиот меч и сега ќе мора да се вадат.

Учинокот кај Милвоки: Мидлтон најефикасен со 28 поени, 6 скока и 5 асистенции. Брук Лопез 24 поени (8/10 од игра, 4 тројки и само 1 скок за 27 минути).

Најголемата ѕвезда, Јанис Адетокумпо имаше 18 поени, 10 скока и 9 асистенции (4/12 од игра со што уште еднаш докажа дека не е во баш најдобра форма која го красеше во регуларниот дел.

Следни на програмата се дуелите Бостон Селтикс - Торонто Репторс (Бостон води 1-0 во серијата) и мајсторката меѓу Јута Џез и Денвер Нагетс (3-3).

На Западот Лејкерс во полуфиналето го чекаат победникот од дуелот Хјустон Оклахома, а Клиперси ќе играат против подобриот од Денвер - Јута Џез.

На Истокот полуфиналето веќе се игра, Мајами води 1-0 против Милвоки Бакс, и Бостон има предност 1-0 против Торонто. Победниците ќе се сретнат во финалето на Источната Конференција.

1 септември 2020 - 13:51