Леброн делеше банани како на баскет во маало

Лејкерс го доби Хјустон со 112-102 и поведе со 2-1 во исклучително тесно конференциско полуфинале против Рокитс. Брон со 36 поени, 7 скока и 5 асистенции беше играч на мечот а ќе се памти и што удри дури 4 блокади во една четвртина. Особено јака беше онаа над Остин Риверс.

Леброн синоќа го одигра 247. плејоф меч во својата кариера и постави нов личен рекорд со 4 банани на еден натпревар од вкупно 6 колку што поделија „езерџиите“ синоќа. Досега Леброн „удрил“ 240 банани во плејофот и се наоѓа на 12 место на вечната листа во оваа категорија.

 

Интересно, легендарниот Карим Абдул-Џабар еднаш имал дури 8 блокади во 4 меч од полуфиналето на Западната Конференција против Портланд Трејл Блејзерс. Рекордот го држи Ендрју Бајнам кој удрил 10 банани во Game 1 во првото коло од плејофот 2012 против Денвер Нагетс. 

Што се однесува до актуелниот плејоф, Лејкерс води 2-1 против Хјустон, а Мајами со 4-1 го елиминираше Милвоки Бакс (играа синоќа без Антетокумпо). Бостон Селтик води со 3-2 во полуфиналната серија против шампионот Торонто Репторс. ЛА Клиперс има водство од 2-1 против Денвер Нагетс во серијата.

9 септември 2020 - 11:03