"Свеста и когнитивноста" е сериозен наслов на еден научен труд. Се занимава исто така со сериозна и интригантна тема, слободната воља. Па сепак, се работи за многу приземни релации.
Дали слободната воља зависи од тоа дали му се моча на човек?
Токму тоа е една од условеностите со кои се занимавале луѓето кои стојат зад овој труд. Сакале да испитаат колку вољата зависи од банални факти за физичката состојба на поединецот. Односно колку еден метафизички концепт е зависен од едноставна физиологија.
Своите испитаници ги тестирале колку се уморни, дали им се спие, дали се гладни итн, за таа листа на одговори подоцна да ја споредат со нивните одговори на стандардната скала за верба во својата слободна воља.
Хајлајти од студијата:
- Паничните пореметувања и епилепсијата се поврзани со ниска верба во слободната воља,
- Колку повеќе физички потреби чувствуваат луѓето, толку помалку веруваат во слободната воља.
- Кога се гладни, луѓето кои не држат диета имаат послаба верба во својот слободна воља но тоа не е случај и со оние кои се на диета.
- И да, кога на човек му се моча, тој слабо верува дека е слободен да прави што сака.
Авторите велат дека ваквите банални секојдневни римајндери на нашето тело нè прават помалку самоуверени дека имаме апсолутна контрола врз нашите животи.
Со други зборови, за да може човек да биде слободен повнатре, треба прво да оди понадвор.