Зборовите на Ентони Дејвис после Game3: „Плејоф Рондо стварно постои и вечерва го видовме“, доволно зборуваат за она што низ годините го докажува ветеранот.
ЛА Лејкерс, откако со години беа малтретирани во плејофот токму од Рондо, овојпат го имаат од своја.
Рондо од прекинот на НБА лигата во март немал ни тренирано, ни играно поради неколку повреди. Ги пропушти и првите 8 меча по рестартот во Орландо поради повреда на големиот прст на ногата, а имал и проблеми со грбот.
На првиот меч против Хјустон во серијата влезе во игра, но ужасно шутираше и се виде дека не пипнал баскет уште од месец март. Ама затоа во следните 3 зареди одлични партии и беше фактор Х на Лејкерс.
„Последниве партии се сè што сакавме да видиме од него. Неколку пати сум се сретнал против него во плејофот и знам за што е способен, особено во пост-регуларна сезона“, изјави Леброн синоќа за ветеранот Рондо.
КАКВО Е ВЛИЈАНИЕТО НА РОНДО?
Откако првиот меч против Хјустон го заврши со 8 поени (3/8 од игра) и 4 изгубени топки за 25 минути, 34-годишниот Раџон во последниве два меча беше главен двигател на Лејкерс.
Во Game2 имаше 10 поени, 9 асистенции и 5 скока. Во Game3 постигна дури 21 поени (8/11 од игра, 3/5 за тројка) и нови 9 асиситенции (12 коша и 5 асистенции му беа во клучната четврта четвртина).
Синоќа во Game4 имаше 11 поени, 10 скока и 8 асистенции за 29 минути (за 2 асистенции му избега трипл-дабл). Сево ова е ништо во споредба со одбраната која ја игра против Џејмс Харден кој никако да се пронајде во серијава.
„Неговиот интензитет расте како одминува плејофот: подобро шутира, правилно асистира, сака да ги чува најдобрите противнички играчи. Со него и Леброн ги имаме двајцата најинтелегентни играчи во лигата заедно на теренот. Комбинација која за секоја одбрана е тешка за чување“, констатираше Ентони Дејвис.
Rondo gets one of the most wide open playoff layups of all time pic.twitter.com/Dv4FQdc7jt
— Sex Drugs PicknRoll (@Hoop_Hoop_News) September 11, 2020
КУЧЕ НА НОВИНАРКА ГО ПРЕКИНА ПРЕСОТ НА ЛЕЈКЕРС, ЕНТОНИ ДЕЈВИС ЗБУНЕТ