Таг: ентони дејвис

Леброн Џејмс првпат во кариера испадна во 1 коло на плејоф, Феникс го сруши шампионот

Со феноменална партија на неверојатниот Девин Букер кој ги распали мрежичките во „Стејплс Центар“, Феникс Санс заслужено го победи Лејкерс и со 4-2 оди во следна рунда.

Шприцер одбрана на Јокиќ со Лејкерс

Лос Анџелес Лејкерс конечно победи. Ја прекинаа серијата порази со триумф над Денвер Нагетс 93-89. На овој меч Никола Јокиќ постигна 32 поени, 9 скока и 5 асистенции, а на другата страна Ентони Дејвис уфрли 25 поени со 7 скока. Токму „веѓата“ од Лејкерс во еден момент проба да куца преку Србинот кој остана ладен ко шприцер.

Ахиловата тетива и мистериозното прашање за кариерата на Ентони Дејвис

Суперѕвездата на ЛА Лејкерс мака мачи со повреда на Ахиловата тетива која наизглед делува лесна и решлива, ама докторите предупредуваат дека во иднина кариерата би можела да му биде доведена во прашање. „Замислете каков притисок на најслабиот дел од телото врши висина од 208 сантиметри и габарит од 115 килограми“

Старт на сезоната во НБА, Лејкерс доби најскапоцени прстени па изгуби во дербито

Во вторникот кон среда во НБА почна новата сезона 2020/2021. Уште во 1. коло се одигра дуелот меѓу двата големи ривали од Лос Анџелес кои се и најголеми фаворити за титулата.

Не е готово додека Џими не каже

Мајами Хит ги совлада ЛА Лејкерс со 111:108 и намали на 3-2 во серијата од големото финале. Џими Батлер одигра уште еден неверојатен меч и ја потврди својата класа.

Лејкерс на чекор од прва титула после 10 години

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја вратија комфорната предност во големото финале на НБА против Мајами, откако синоќа го совладаа Хит со 102:96 и сега имаат 3-1. Во драматична завршница, Ентони Дејвис им пресуди на ривалите со далечна тројка.

Лејкерс го сомле Мајами Хит и поведе со 1-0 во финалето

И покрај блокадата на спортскиот свет поради глобалниот вирус, и покрај проблемите во општеството, протестите и бојкотите, НБА успеа да ја спаси сезоната и да спроведе супер одличен плејоф. Во финалето Лејкерс поведе 1-0 против Мајами.

Ентони Дејвис во последна секунда му донесе победа на Лејкерс

Фаворитот за титулата во НБА, ЛА Лејкерс поведе со 2:0 во финалето на Западот против Денвер откако славеше синоќа со 105-103. Нагетси неколку пати се враќаа, на три минути пред крајот надоместија -8 поени и поведоа со 12 поени по ред на Јокиќ, но последниот напад го имаа Лејкерс.

Без старца нема ударца - Раџон Рондо стварно е плејоф играч

Во трите победи од серијата против Хјустон (3-1) Лејкерс доби силен ветер во грб од повратникот од повреда Раџон Рондо кој со месеци баскет не пипнал.

Куче на новинарка го прекина пресот на Лејкерс, Ентони Дејвис збунет

ЛАЛ со 110-100 го победи Хјустон и поведе со убедливи 3-1 во полуфиналната серија на Западот. Ентони Дејвис одново играч на мечот со 29 поени (10/18 од игра, 9/9 од линијата за слободни) и 5 асистенции. После мечот видно расположен за муабет, ама една новинарка дошла со домашниот миленик на сред прес па песот лаеше.

Спектаклот на најчудниот Ол Стар меч во 21-от век

Поради падната гледаност на најголемото кошаркарско шоу на светот, луѓето од НБА лигата решија да направат неколку промени во правилата на овој ревијален натпревар, со цел да го направат понатпреварувачки и подраматичен. Излезе фантастично зошто се јадеа до крај.

Со каков состав ќе отпатува Америка на Светското?

Легендарниот Грег Поповиќ кој неодамна стана селектор на Америка, остана и без новиот кошаркар на ЛА Лејкерс Ентони Дејвис за Мундијалот, така што САД ќе бидат без уште една супер ѕвезда.

Реџи Џексон шутна “бугарски“, Ентони Дејвис му се намерачи на кошот

Црногорецот Никола Вучевиќ оствари нов личен рекорд од 37 поени на дуелот против Минесота, Џон Вол од Вашингтон за прв пат изброја 18 асистенции на еден меч, а со забивање се пофали Биомбо од Конго.

Трката за МВП во НБА никогаш понеизвесна

Нема ден нивните имиња да не ги окупираат насловите на спортските медиуми. По апсолутната доминација на Леброн Џејмс во изминатите години, сезонава дури четворица играчи имаат подеднакви шанси да ја добијат наградата за најдобар играч во регуларниот дел.

Ентони Дејвис прв пик на НБА драфтот

Крилниот центар од Кентаки чиј заштитен знак се веѓите (или една голема веѓа), очекувано беше избран за прв пик на НБА драфтот од страна на Њу Орлеанс Хорнетс.