Старт на сезоната во НБА, Лејкерс доби најскапоцени прстени па изгуби во дербито

Во вторникот кон среда во НБА почна новата сезона 2020/2021. Уште во 1. коло се одигра дуелот меѓу двата големи ривали од Лос Анџелес кои се и најголеми фаворити за титулата.

Кошаркарите на ЛА Лејкерс пред мечот со ЛА Клиперс во 1. коло од новата НБА сезона добија шампионски прстени за титулата во 2019/2020.

Свечената церемонија доделување шампионски прстени се одржи пред мечот со ЛА Клиперс. Лејкерс минатата сезона ја освоија 17. титула во историјата на клубот откако во финалната серија со 4-2 го совладаа Мајами.

Дизајнот на шампионските прстени е дело на Џејсон Арашабен, сопственик на компанијата Jason во Беверли Хилс. Сопственикот на Лејкерс Џери Бас му нарачал на Арашабен шампионски прстени налик на оние за титулите во 2009 и 2010.

Прстените за титулата 2019/2020 не се само убава играчка. Златарот успеал да инкорпорира многу драгоцени камења кои ќе потсеќаат на титулата во најнеобичната сезона во историјата на НБА. Прстенот има аметисти од кои е составена буквата L, тежат 0,95 карати (Лејкерс во „балонот“ каде се играше плејофот поминаа 95 дена).

Има вкупно 17 такви драгоцени камења за 17-та титула. Жолтите брилијанти тежат 0,52 карати зошто Лејкерс во регуларниот дел од сезоната забележаа 52 победи.

На секој прстен е изгравиран зборот „единство“ затоа што цела НБА, па и ЛА Лејекрс земаа учество во движењата за социјална еднаквост. Од страна на прстенот стои слоганот на плејофот: „Остави свое наследство“.

Секој играч добил прстен со сопствениот број на дресот а зад изгравираниот број имало изгравирана мија. Тоа е во чест на Коби Брајант и неговиот надимак „црна мамба“. Секој прстен има 16,45 карати и на него има по 804 мали ситни драгоцени камчиња.

„Овој прстен е најскапиот и најтешкиот во историјата на НБА. Тој го надминува и шампионскиот прстен на Торонто. Тоа го направивме намерно, зошто поминаа 10 години откако Лејкерс беа шампиони. Сакавме да им се заблагодариме на играчите за успехот“. 

Посебно тешки и скапоцени шампионски прстени се прават за оние кои многу ретко ја освојуваат титулата. Така беше со Кливленд во 2016 и со Торонто во 2019 кои ги освоија првите титули во историјата.

Лејкерс има најмногу титули од сите во НБА. Но сакале да покажат дека титулата беше тешко освоена, па затоа и прстенот тежи толку. Пред мечот Снуп Дог кој е навивач на Лејкерс го праша Леброн: „Ќе ни помогнеш да ја земеме и 18-та титула“?

Но на теренот синоќа ЛА Клиперс беше подобар од градскиот ривал Лејкерс и славеше 116:109.

Клиперс беа подобри во текот на целиот меч, а најзаслужни за триумфот се Пол Џорс и Кавај Ленард кои заедно уфрлија 59 поени. На другата страна, Леброн Џејмс имаше 22 поени, 5 скока и 5 асистенции, а Ентони Дејвис 18 поени и 7 скока.

Од новите засилувања на Лејкерс, Херел имаше 17 поени и 10 скока а Денис Шродер 14 поени, 12 скока и 8 асистенции. На вториот меч синоќа Бруклин го прегази Голден Стејт со 125:99. Кајри Ирвинг и Кевин Дурент постигнаа по 26 односно 22 поени. Кај Вориорс Стефон Кари 20 поени и 10 асистенции, Вајзмен 19 поени, а Вигинс 13.