Блокерско шоу на Ентони Дејвис против Јокиќ и другарите

Селекцијата на Србија претрпе убедлив пораз во пријателскиот натпревар против САД во Абу Даби (105:79).

Двете селекции кои наскоро ќе се соочат на Олимписките игри во Париз одиграа пријателска на која Американците славеа убедливо со 26 поени разлика.

Стеф Кари имаше шутерско, а Ентони Дејвис блокерско шоу. Најдобриот шутер во НБА лигата беше прв стрелец на мечот со 24 поени од кои шест тројки, а Адебајо постигна 17 поени.

Дејвис пак се издвои со 6 блокади од кои две му ги додели на Никола Јокиќ кој мечот го заврши со 16 поени.

За Србите не настапи Богдан Богдановиќ, а во спротивниот табор не играше Кевин Дурент. 

 

18 јули 2024 - 07:37