Спектаклот на најчудниот Ол Стар меч во 21-от век

Поради падната гледаност на најголемото кошаркарско шоу на светот, луѓето од НБА лигата решија да направат неколку промени во правилата на овој ревијален натпревар, со цел да го направат понатпреварувачки и подраматичен. Излезе фантастично зошто се јадеа до крај.

Натпреварот почна во знак на сеќавање на Коби Брајант, неговата ќерка Џана и другите загинати во хеликоптерската несреќа, како и во знак на сеќавање на легендарниот комесар Дејвид Стерн кој неодамна почина:

Кавај Ленард е МВП на мечот на сите ѕвезди (го доби трофејот преименуван во чест на Коби Брајант) на кој Адетокумпо го “лепеше“ Леброн два пати, брадата Харден се трудеше во одбрана, видовме феноменални забивања па дури и расправија меѓу играчите на најдобриот Ол Стар во последниве години.

НБА лигата реши во чест на Коби Брајант да го смени форматот на овогодинешниот Ол Стар, а една од промените беше и она за „зададен резултат“ во последната четвртина во која што мерачот на време беше исклучен.

После 45 минти јак баскет и неверојатен пресврт по негатива од 17 поени разлика, тимот на Леброн Џејмс едвај го победи тимот на Јанис Адетокумпо и тоа со кош на Ентони Дејвис од слободни фрлања - 157:155.

После три четвртини кои започнуваа од 0:0 (исто промена на правило), сè изгледаше дека аутсајдерот на мечот, тимот на Гркот Адетокумпо ќе слави затоа што во еден момент имаа огромни 17+ (106:89).

Ама за Ол Старот да биде интересен се погрижија момците од тимот на Леброн кои заредија неколку тројки во серија и третиот период заврши 41:41.

Но во вкупниот збир тимот на Јанис имаше предност од 9+ коша, а со оглед на тоталниот збир 133:124, споменатото правило во чест на Коби Брајант гласеше дека последната четвртина завршува кога една од екипите ќе го стигне збирот од 157 коша (поените кои ги дал тимот во водство пред почетокот на последниот период им се додаваа плус 24 поени во чест на бројот на Коби). 

Како што екипите се приближуваа до границата од 157 коша, растеше нервозата кај двата тима, па играчите одвреме-навреме и се закачаа па судиите како ретко досега имаа доста работа.

Предводени од Кавај Ленард, „Леброновци“ стигнаа до победата. Ленард го заврши мечот со 30 поени (8 тројки), 7 скока, четири асистенции и две украдени топки и беше најдобар поединец на мечот.

Пол Џорџ, човекот кој ја даде идејата Ол Старот да биде завршен со постигнувањето на 24-от поен во последната четвртина, уфрли 23 поени (7 тројки) и имаше ист поентерски учинок како и Леброн Џејмс. А Ентони Дејвис уфрли 20 поени.

За „Истокот“, кој постоеше до моментот додека не одлучија капитените на двата тима да бираат по двајца играчи од спротивната конференција, најдобри поединци беа Адетокумпо, Џоел Ембид и Тре Јанг. МВП на лигата од лани уфрли 25 поени со 11 скока и четири асистенции, имаше и три блокади од кои две над Леброн.

Ембид уфрли 22 поени и 10 скока, а Јанг на својот дебитантски Ол Стар даде 10 поени и 10 асистенции. Двајцата претставници на регионов, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ имаа солидни партии. Дончиќ постигна 8 поени (3/6, 25) со 4 асистенции и по еден скок и блокада за скоро 18 поени како стартер во тимот на Леброн. Никола Јокиќ за 12 минути имаше 5 поени (2/4 од игра, 1/3 за три поени), 2 скока, 1 асистенција и 1 украдена топка.

Леброн како брз воз:

Двете банани на Антетокумпо врз Леброн:

Букер виткаше обрачи преку Ембид:

Ели-апот на Јокиќ: 

Тројката на Тре Јанг од пола терен: 

Интересно е што Леброн Џејмс го освојува и третиот Ол-Стар меч на кој бил капитен на една од екипите, а тимот на „Кралот“ освоил 400.000 долари за триумфот и решиле да ги донираат во добротоворни цели - за едно студентско здружение од Чикаго.