Никако не можеа да го сопрат Дончиќ, па намерно го удираа

Кошаркарите на ЛА Клиперс го елиминираа Далас Маверикс со 4-2 во првата рунда од НБА плејофот. Лука Дончиќ и на шестиот меч по ред беше фантастичен, со неверојатни 38 поени, 9 скока и 9 асистенции. Во целата серија Дончиќ беше грубо физички удиран од противничките кошаркари, а најбезобразен беше Маркус Морис.

Морис на минатиот меч намерно го газеше Лука на повредениот зглоб, а на последниот меч намерно го удри по глава по што Дончиќ тргна физички да се пресмета но го спречи Бобан Марјановиќ. Морис експресно беше исклучен од игра:

Во втората рунда Бостон поведе со 1-0 против актуелниот шампион Торонто со победа 112:94, а Денвер со неверојатниот Мареј (50 поени, 6 асистенции) се избори за 3-3 и мајсторка против Јута. За Џезерите Донован Мичел уфрли 44 поени.

СРАМЕН ПОТЕГ НА КОШАРКАР НА ЛА КЛИПЕРС КОН ДОНЧИЌ

МИРЈАМ ПОТЕРБИН - НАЈПОЗНАТАТА МАЈКА ВО НБА КОЈА СЕ ГРИЖИ ЗА БИЗНИС ИМПЕРИЈАТА НА ДОНЧИЌ

ЛУКА ДОНЧИЌ Е ТОТАЛНО ЛУД

31 август 2020 - 09:11