Мирјам од мала живеела во Љубљана. Од детство се занимавала со танци и мечтаела за бизнис како модел. Кај тренерот Мими Маркач таа дури и станала екипен светски шампион во танци во својата возраст.
Мајка му на Лука и ден-денес танцува а се обидела и на синот да му ја пренесе љубовта за танци. Тој го наследил чувството за ритам и такт од мајка му што денес го демонстрира на кошаркарскиот паркет.
Но Мирјам имала и резервен, план Б: Таа уште во школо учела за фризерка и козметолог. Првпат се појавила во медиумите во 1993 година кога на 19 години учествувала на конкурсот Мис Словенија. Потербин стигнала до финале но не победила.
Подоцна се посветила на школото. Завршила факултет за административно управување во Љубљана. Некое време управувала со сопствен салон за убавина и фризерски салон во главниот град на Словенија. Овој занает и го пренела мајка и Милена, а Мирјам сакала козметологија.
После неколку години Мирјам се запознала со познатиот кошаркар Саша Дончиќ кој во кариерата сменил многу клубови. Врвот на неговата кариера биле настапите за репрезентацијата на Југославија до 16 години на Европското 1991, настапи за Крка, Олимпија и два меча за репрезентацијата на Словенија во 2005-та.
Саша и Мирјам се земале во 1999 година кога го добиле и синот Лука. Но бракот бил на стаклени нозе и се распаднал во 2008-ма, кога Лука имал 9 години.
Денес Саша Дончиќ работи како тренер, последно место му беше клубот Шентор каде добил отказ во април 2019-та поради слаби резултати. Саша во меѓувреме влегол во врска со далеку помладата манекенка Николина Драгичевиќ со која во 2017-та година ја добил ќерката Тијана, така што Лука Дончиќ сега има полу-сестра.
Во текот на целото време, Лука секогаш бил поблизу до мајка му, но во добри односи е и со татко му со кој редовно комуницира. По разводот, право на старателство добила мајката.
Веќе на 7-8 години Лука покажувал огромен потенцијал. Но во Олимпија Љубљана не успеале да го препознаат неговиот талент.
Кога Лука наполнил 13 години, Саша и Мирјам донеле заедничко решение зошто приоритет им бил Лука. Саша Дончиќ настојувал синот да оди во Реал Мадрид и категорички одбивал да го прати во Олимпија, иако Мирјам немала ништо против Лука да остане во Љубљана. Имало и варијанта да оди во Галатасарај, но повеќе го преферирале Мадрид отколку Истанбул.
Малиот Лука на 13 години се сели во странска држава. Не му било лесно да се адаптира. Мирјам Потербин постојано била на релација Љубљана-Мадрид но после пар години решила да се пресели во шпанската престолнина.
„Тоа беше најтешка одлука во мојот и во неговиот живот исто. Не беше лесно кога Лука замина од дома на 13 години, без семејство, без другари, без роднини. Тој замина во град каде никого не знае. Ниту пак зборуваше англиски и тоа беше многу тежок период за него. Некогаш се сеќавам на тоа време и си викам: „Слава на Бога што тој период заврши. Се е готово“, вели Потербин за Fabwags.
Мирјам го возела Лука на тренинг во Мадрид, работела како домаќинка, спремала ручек, одела во шопинг. Одвреме-навреме ќе свратела на 2-3 дена до Љубљана да види како оди работата во козметичкиот салон. Останатото време го посветила на синот.
НЕВЕРОЈАТЕН РАЗВОЈ НА КАРИЕРАТА НА ЛУКА ДОНЧИЌ
Лука во експресно време стана најдобар европски кошаркар. На 18 години ја освои златната Евролига со гигантот Реал Мадрид, стана МВП на сезоната и МВП на Фајнл Фор и реши да се пријави на драфтот во НБА.
Прво Атланта го одбра како 3 пик на драфтот и веднаш го трампаше со Далас за тогаш зборуваниот Трае Јанг. Потербин присуствуваше на церемонијата на драфтот 2018 каде беше во центарот на вниманието.
Mavs are lucky that they'll get see Luka Doncic's mom every night 😍😍pic.twitter.com/7eQhRYScOW
— JzoSports (@JzoSports) June 21, 2018
МИРЈАМ ОСТАНА ДА ЖИВЕЕ ВО САД СО ЛУКА, ГО СЛЕДИ СЕКОЈ НЕГОВ ЧЕКОР И СЕ ГРИЖИ ЗА БИЗНИС ИМПЕРИЈАТА
Словенката останала со синот во Америка, но набрзо имало непријатен инцидент со поранешниот маж. Саша Дончиќ заедно со српскиот агент Славко Ѓуриќ и со американскиот агент Чарлс Бриско примале афера околу договорот на Лука Дончиќ.
Лука прво имал договор со менаџерот Мишко Милиќевиќ, пријател на Саша. Миличевиќ го договорал трансферот во Реал Мадрид на времето каде улога имал и извесен Алваро Тор од агенцијата Hoops International.
Миличевиќ и Тор направиле ѕвезда од Лука Дончиќ, а по неговата преселба во САД, Мирјам презела целосна контрола над синот: ги раскинала сите договори со агентите блиски со Саша за да тој нема никаква финансиска добит.
Нов менаџер на Лука станал Били Дафи од познатата менаџерска агенција BDA која ги штити и правата на Горан Драгиќ од Мајами Хит.
Саша Дончиќ го обвинил некогашниот најдобар словенечки кошаркар и прв Словенец во НБА, Раша Несторовиќ дека и помагал на Потербин во процесот на промена на агенцијата која ги има правата на Лука.
Несторовиќ по завршувањето на кариерата станал чиновник во словенечката кошаркарска федерација и ги имал потребните врски.
Во јули 2018-та година Мирјам Потербин дала изјава дека таа воопшто не знаела дека постои документ на кој наводно се потпишани таа и Лука.
ДОНЧИЌ ГО ИНТЕРЕСИРАЛЕ САМО ИГРИТЕ НА ТЕРЕН, НЕ И НАДВОР ОД НЕГО
Лука наскоро после богатиот договор со Далас Маверикс, направил права мала бизнис империја. Брендот LD7 (Лука Дончиќ 7, под тој број играше во Реал Мадрид) продава календари, канцелариски работи, школски предмети, спортска опрема за мажи, жени и деца.
Повеќе од 60% од акциите во фирмата и припаѓаат на Мирјам Потербин. Таа ја разработила првата колекција за брендот и привлекла многу дизајнери. Додека LD7 најмногу се продава на словенечкиот пазар, наскоро планираат да го пласираат и во САД. Ѕвездениот статус на Лука во моментов е најголем и тој важи за еден од најдобрите играчи во НБА.
Мирјам во САД отворила и салон за убавина. Заедно со словенечката блогерка Сара Заверник, Мирјам се јавува и како лице на клиниката за убавина и здравје Juventina.
Влијанието на Потербин врз синот Лука според словенечките медиуми е многу големо. Таа фактички ги води сите негови дела и го советува при секој чекор. Мирјам во име на Лука во 2018 ја добила наградата за спортист на годината во Словенија. Таблоидите во оваа земја одвреме-навреме ја критикуваат за влијанието врз Дончиќ, но во САД е поинаку: сите се импресионирани од нејзината љубов и посветеност кон Лука.
Преселбата и адаптацијата во Далас добро ни дојде затоа што Далас важи за „поевропски град“. Тоа ни помогна да се навикнеме на средината и добро да се интегрираме во неа.
На пример во Лос Анџелес каде јас бев ситуацијата е поинаква. Искрено да кажам, да се живее во така големи градови како ЛА е тешко. Во Далас е друга атмосфера, друг однос. Чист град, на улиците нема отпад, нема бездомници, помирен град е.
Секако дека има разлика со Словенија. Кујната е поинаква. Во Словенија ние сме навикнати на добра, квалитетна храна. Тука додуше нема многу фаст-фуд ресторани како што мислев, но знаеме дека Америка е позната по тоа. Иако работите се сменија во последните години. Американците сега повеќе внимаваат на исхраната“, раскажала Мирјам во интервју за Siol.
Таа има 46 години и ужива во животот во Тексас. Активно се занимава со фитнес, аеробик, оди во сауна, учествува во полу-маратони, тренира редовно. Во слободно време сака да зготви и да чита книги за личен развој.