Банана на сезоната во НБА - Кавај со среден прст

Ѕвездата на ЛА Клиперс, двократен шампион во НБА со Сан Антонио Спарс и Торонто, Кавај Ленард важи за еден од најдобрите дефанзивци во лигата. Синоќа на третиот меч од плејофот меѓу Клиперс и Денвер Нагетс, на две минути до крајот го изблокира Џамал Мареј со среден прст.

Иако Нагетси водеа во текот на првите три четвртини, ЛА Клиперс на крајот славеа со 113:107 и поведоа 2-1 во серијата. Кавај и Пол Џорџ постигнаа по 55 поени вкупно за франшизата фаворит за титулата.

Кај Денвер Никола Јокиќ убедливо најефикасен со 32 поени, 12 скока, 8 асистенции. Џамал Мареј имаше 14 поени и 9 асистенции, Пол Милсап и Грант имаа по 11 поени, Портер 18 поени и 10 скока.