Предводени од неверојатниот Џими Батлер кој имаше 40 поени, 11 скока и 13 асистенции, како и од дискретниот јунак на НБА плејофот Хиро (17 поени) и 17-те поени на староседелецот Олиник со 7 скока, кошаркарите на Мајами славеа 115:104 против Лејкерс и намалија на 2-1 во серијата. Голем удел во важниот триумф имаа уште и Робинсон (13 поени) и Краудер (12 поени, 8 скока).
„Не нè интересира што мислат за нашите шанси во финалето“, остро одговорил тренерот на Мајами Ерик Споелстра после вториот пораз, но не октрил што е точно потребно да се сврти серијата во нивна корист: „Што е потребно за тоа? Се што е неопходно“, кратко рекол Споелстра.
Кели Олиник, сосема неочекувано еден од најдобрите играчи во финалето беше поконкретен после воведните 2 порази од Лејкерс: „Нам ни останува Батлер да направи неверојатни работи. Како што играше во текот на цела сезона, па и во плејофот“.
Подвиг од Батлер фалеше особено во ситуација кога фалеа двајцата лидери во тимот Горан Драгиќ и ефикасниот Бем Адебајо. Тие не се вратија во стројот ниту за третиот меч.
Но Џими Батлер направи неверојатни работи.
Во првите 2 меча Џими Батлер собра скромни за суперѕвезда од негов калибар 23 и 25 поени. Го критикуваа за излишен алтруизам, дека не изгледа како доминирачки играч, дека повеќе сака да додава отколку да проба да воспостави доминација врз противникот.
Можеби Џими Батлер и само сакал повеќе да ги вклучи соиграчите (особено што некои од нив не играа многу во плејофот пред повредите на Бам Адебајо и Драгиќ), а можно е и дека во првите два меча играше скромно поради повредата на ногата на средина од првиот меч.
Синоќа Батлер против Лејкерс беше друг играч: агресивен, беспоштеден, неверојатен како што бараа неговите другари од тимот.
Џими Батлер синоќа стана само третиот играч во историјата кој во НБА финале имал трипл-дабл со најмалку 40 постигнати поени (претходно само Леброн во 2015 и Џери Вест во 1969). Ова беше и прв трипл-дабл во плејоф кариерата на Батлер, човекот со многу чудно детство.
40 поени во финале без шут за 3 поени немало уште од времето на Шекил О’Нил во Лејкерс, а освен нив двајца, 40 поени без тројка во 1979 година постигнал и Карим Абдул-Џабар.
Џими од игра синоќа постигна 26 поени а сите останати од линијата за слободни фрлања. Интересно, откако Лејкерс поведе со +2 во четвртата четвртина, Џими ја зема контролата во свои раце и 18 од следните 20 поени на Мајами беа негови или после негова асистенција. После едно положување во 4-та четвртина, ги буцна противниците со фразата„You are in toruble“ која ја употреби Леброн во првата четвртина.
Од друга страна, кај поразените Лејкерси, Леброн Џејмс постигна 25 поени со 10 скока, 8 асистенции но и 8 изгубени топки, Дејвис имаше 15 поени со 5 изгубени топки, Кајл Кузма 19 поени, Морис (19 поени).
Во моментов ЛА Лејкерс води 2-1 против Мајами Хит во големото НБА финале. Game4 се игра во среда рано изутрина.