Мајами Хит ги совлада ЛА Лејкерс со 111:108 и намали на 3-2 во серијата од големото финале. Џими Батлер одигра уште еден неверојатен меч и ја потврди својата класа.
Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја вратија комфорната предност во големото финале на НБА против Мајами, откако синоќа го совладаа Хит со 102:96 и сега имаат 3-1. Во драматична завршница, Ентони Дејвис им пресуди на ривалите со далечна тројка.
Откако ЛА Лејкерс убедливо го совлада Мајами во првиот меч од големата финална серија, па спокојно го добија и вториот, сите го сметаа за завршено НБА финалето. Сите освен Мајами Хит.
Растен без родителите кои го избркале како мал, Џими Батлер бил вдомен кај жена која го одгледала и воспитала на прав начин. Бил скитник, а сега треба да потпише договор вреден 70 милиони долари.