„Низ што сè не помина, што сè јас не видов, нема ништо што ќе ме сопре. Се надевам дека те направив горда, мамо“. Кралот Брон со трипл-дабл го реши Мајами, стави точка на финалето, на Лејкерс му ја донесе рекордната 17-та титула а на себе 4-та во кариерата. Првиот повик беше до мајка му Глорија.