Донован Мичел. Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, лидерот на Јута Џез збесна и постигна страшни 57 поени! Во првиот меч од плејофот кој толку долго го очекувавме. Денвер во продолженијата ја совлада Јута со 135:125, иако резултатот е во сенка на подвигот на американскиот репрезентативец.
MJ's 63, Elgin's 61, Donovan's 57.
— NBA (@NBA) August 17, 2020
Donovan Mitchell puts up the 3rd most points in a game in #NBAPlayoffs history! pic.twitter.com/0w9JxmVI22
Јута и Денвер го одиграа првиот натпревар од плејоф серијата. За 70 години колку што постои НБА лигата, светот само два пати видел еден играч да постигне толку или повеќе поени на еден дуел во плејофот. Историски подвиг на Донован Мичел.
Но Денвер имаше одговор за лудата вечер на ѕвездата на Јута. Џамал Мареј кој дојде во Орландо подоцна од соиграчите и пропушти неколку меча по рестартот, во првите три четвртини синоќа не беше приметлив, но од средината на четвртата четвртина правеше чуда со Јокиќ.
Од последните 36 поени на Нагетс синоќа, 6 беа од слободни фрлања а за сите останати со асистенции или директни поени се погрижи Канаѓанецот. Мареј ја заврши третата четвртина со 20 поени и 4 асистенции од кои три клучни. Вкупно запиша 36 поени а Денвер на крај славеше 135:125.
ТОРОНТО МЕЛЕ
Од актуелниот шампион Торонто лани си замина најдобриот играч MVP на финалето 2019, Кавај Ленард. Но Репторси иако сите сметаа дека толку им беше, одговорија со најдобар регуларен дел во клупската историја.
Синоќа Репторс против Бруклин Нетс уште во втората четвртина водеше со 33+ поени разлика. 33 поени!
Иако Бруклин буквално го крпеше составот од кој отсуствува цела стартна петорка а пола екипа ја потпишаа пред месец дена.
Фред Ванвлит постигна 8 тројки од 10 обиди и имаше вкупно 30 поени и 11 асистенции
СЕЛТИКС ПОТЕШКО ОД ОЧЕКУВАЊАТА ПРОТИВ ФИЛАДЕЛФИЈА '76
Ова е еден од класиците на НБА плејофот затоа што синоќа ја започнаа дури 21-та меѓусебна плејоф серија во историјата. Во ова ривалство имало дуел меѓу двата најдобри центри во лигата Бил Расел против Вилт Чембрлен, како и меѓу Лери Берд и Џулиус Ирвинг кои се давеа пред преполна сала.
Синоќа играа во Орландо, без публика. На крајот Бостон славеше со 109:101 и поведе 1:0 во серијата.
Но триумфот на Селтикс остана во сенка на повредата на зглобот на Гордон Хејворд кој во претходните 3 години имаше еден куп повреди.
Степенот на сериозноста на повредата уште не е познат, но Хејворд добил и дозвола од клубот да оди на роденден на детеето а после откако ќе се врати во Дизни Ворлд да биде во карантин.
ДОНЧИЌ ДО НОВ РЕКОРД, НО ЛА КЛИПЕРС СЛАВЕШЕ ПРОТИВ ДАЛАС
Мавси уште несвесни дека се пласираа во плејофот, синоќа на почетокот губеа со 18:2. После Лука Дончиќ се поврза со резервните играчи кои добија шанса, во прв ред со Сет Кари и Далас се врати во игра.
Лука Дончиќ стана рекордер: прв дебитант во историјата на НБА кој постигнал 42 поени! Но ЛА Клиперс очекувано славеа со 118:110 и поведоа со 1:0 во серијата.
СИЖЕ
1 ден плејоф, 4 меча, продолженија, судиски грешки, рекорд на Дончиќ и луда поентерска вечер на Донован Мичел со трет историски резултат во НБА.