Донован Мичел, лидерот на Јута Џез и предводник на американската кошаркарска репрезентација на Мундијалот во Кина, пред неколку месеци имаше помалку чуден твит. Се заиграл фудбалче на Х-бокс и почнал да игра со Јувентус, ама како што новата ФИФА2019 доби забрана да го користи името на италијанскиот гигант кој потпиша договор со конкурентот PES, така Мичел не можел да го најде Јуве меѓу клубовите.