Кошаркарот на Јута, Донован Мичел е победник на овогодишниот Slam Dunk Contest а интересно е што големото признание му го донесе копија од забивањето на Винс Картер кој славеше на турнирот за најдобри забивања во 2000-та година.
Картер тогаш „куцаше“ подобро од Лери Ненси сениор, првиот победник на првото натпреварување во забивања од 1984. година. Интересно е што токму синот на Лери Ненси, Лери Ненси јуниор кој сега го носи дресот на Кливленд влезе во синоќешното финале.
„Ова го сакав многу. Ова натпреварување ми е најомилено од целиот ’Ол-Стар’ викенд, и сега не сам што учествував туку и победив и тоа е лудо!“, изјави Мичел.
Во пресрет на последниот „залет“ на Мичел за големо славј му требаа 47 поени а доби 48 од судиската комисија која броеше пет членови: Ди-џеј Калед, глумите Крис Рок и Марк Валбег и членовите на кошаркарската Куќа на славните Џулиус Ирвинг и Лиза Лесли.
Финалистот Лери Ненси јуниор во првата фаза од финалето го носеше дресот од неговиот татко од Феникс со број 22 а го повика токму татко му да му го потфрли баскетот за време на забивањето кога доби дури 50 поени.
„Ова е многу, многу важен момент за моето семејство“, изјави Ненси кој беше дел од големата трампа меѓу Кавси и Лејкерси пред неколку дена.
На најатрактивниот дел од Ол-Старот забиваа уште и Виктор Оладипо (Оклахома) и Денис Смит од Далас но и двајцата поради недоволен број бодови испаднаа уште во првата рунда.
Во однос на турнирот кај најдобрите тројкаши, победи Девин Букен од Феникс а во натпреварувањето во вештини неочекувано најдобар беше Спенсер Динвиди од Бруклин.
Натпреварот во вештини:
Натпреварот во шутирање тројки: