Таг: забивање

Што е со забивањево бе мајсторе?

Баталете вие Ол стар викенд. Цела сезона во НБА е веќе како Ол стар викенд. Брендон Милер сака да ви покаже нешто, 21 годишниот член на Шарлот кој беше избран лани како втор пик на драфтот. Страшен потег, еден од најјаките оваа сезона.

Од кај ли го извади забивањево?

Предводени од Јанис Антетокумбо, Милвоки Бакс петта година во низа го освојуваат првото место во Централната дивизија во НБА. Го имаат најдобриот биланс сезонава со 54 победи и 21 пораз, а синоќа извадија и страшен забивач, а тоа е Грејсон Ален. Погледнете го овој импресивен и храбар скок со голема пожртвуваност.

Ако си 216 см висок, дојди ми еден на еден да ти каже чичо

Лос Анџелес Клиперс го доби Торонто со 108:100, а Кави Леонард го залепи Јакоб Поелтл на постер.

Дрско и безобразно забивање на 19 годишник од Портланд

Запознајте го Шејдон Шарп, седми пик на драфтот избран минатото лето, роден 2003-та. Страшен потег дете. Шон Кемп вака ги забиваше.

Убаво е да се види ваква дрска игра под кош на наше дете

Храброто момче се вика Метин Саити, член на Македонија У-18, кој на мечот против Црна Гора го залепи на постер својот чувар, за овации на публиката.

In your face Giannis

Веројатно една од најголемите лични сатисфакции во НБА лигата е да му ја запелиш на Јанис Антетокумпо во фаца. Актуелен НБА шампион и МВП во финалето. Горд на тоа е 20 годишниот Еван Мобли од Кливленд, а забивањето е прогласено за број 1 на вечерта.

Безобразно забивање на Вестрбук еден на еден со Руди Гобер

Со 25 поени, 7 скока и 7 асистенции, Леброн Џејмс беше предводник на Лејкерски во победата над Јута Џез 101:95. Расел Вестбрук постигна 15 поени, а потегот на мечот кој го изведе, може да конкурира за број 1 забивање на сезонава во НБА. Каква дрскост.

Најјакото забивање на вечерта во НБА е видено во Бостон

Кошаркарите на Чикаго Булс успеаа да го добијат Бостон Селтикс со 128:114 и тоа по негатива која во еден момент изнесуваше 19 поени разлика. Сите зборуваат за цепелинот на Џевонт Грин, забивање кое е прогласено за број 1 на вечерта. Инаку довчерашен играч на Бостон.

Победи на Ол-Стар забивање откако бакнуваше обрач во скок

Плејмејкерот на Портланд Трејлблејзерс, Енферни Сајмонс е победник на натпреварот во забивања на НБА Ол-Старот одржан во Атланта. Сајмонс беше далеку подобар од Оби Топин од Њујорк Никс и Касиус Стенли од Индијана Пејсерс.

Сам си асистираше за страшно забивање

На мечот меѓу Пурдју Форт Вејн и Јангстон Стејт имаше забивање какво што не се гледа ни во НБА. Деметрик Хортон, комбо бекот на Пурдју Форт Вејн во еден напад сам ја фрли топката и од табла заби како Трејси Мекгрејди на времето на Ол-Стар забивања.

Јас ниту ја положувам, ниту те респектирам

Мојот колега беше многу мек со тебе во играта еден на еден, но од мене тоа не можеш да го очекуваш. Неколку секунди потоа:

Врвно шоу, луди забивања и канонада тојки

Интересна втора вечер од Ол-стар викендот во „Јунајтед Центар“ во Чикаго. Публиката уживаше во разновидни вештини, во рафални шутеви за три поени и во спектакуларни забивања.

Гордон ја заби преку највисокиот играч во НБА и пак не му дадоа трофеј

Најатрактивната вечер на Ол стар викендот е секогаш втората во која натпреварот во забивање се гледа без трепкање. Победник е Дерик Џоунс Џуниор од Мајами, а најразочаран е Арон Гордон од Орландо. И со право.

Чисто колку да се загрееме за Ол стар

Не знаеме што имаат смислено и што ли ќе изведат вечерва ол стар ѕвездите на натпреварот во забивање, ама ако на некој му фали идеја еве му. Дечки чиста 10-ка и за идејата и за реализацијата. Маестрално изведено.

Бирај женска мали

Сите негови соиграчи збеснаа на овој Кевин Џонсон потег на средношколецов, а тој си обезбеди кредит со авторитет за до матура. Од сега он ќе бира со кој ќе игра, а за матурска партнерките сами ќе го бараат.

Празник за очи со Леброн Џејмс и клинците на Њу Орлеанс

Точно е дека Лејкерси синоќа дома загубија 10 поени разлика од Хјустон и дека Вестбрук постигна 41 поен, но во салата Стејпс центар најголемото уживаше падна на овие две атракции на Леброн кој за еден скок не стигна до трипл дабл. Имаше што да се види и на другите мечеви.

Потегот на вечерта за кој се зборува во НБА

Кога ќе успееш да му ја забиеш на Кралот во фаца, не можеш, а да не бидеш фаца, барем следниот ден. Џејлен Браун vs Леброн Џејмс, неодбранливо и понижувачки.

Победникот на Ол-Стар забивањето „куцаше“ преку Шекил

Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Хамиду Диало е победник во натпреварувањето во забивање на Ол-Стар викендот. Прво заби преку соиграчот Расел Вестбрук, а потоа скокна преку Шекил и ја крена салата на нозе.

Малите ниски кошаркари кои забиваа како ѕверови

Да, уште од времето прв на памет ни паѓа Магзи Бокс, ама одразот со кој Спад Веб и Нејт Робинсон скокаа и виткаа обрачи беше нереален. Сега во Колеџ лигата во САД имало некој Џуниор Робинсон што куца како да е Суден ден.

Му ја заби во лице и го прати во публика

Демар Дерозан од Торонто така одлучно тргна да ја куца со две раце, што успеа да исфрли играч од терен. Пазете ја само таа седмица како се радуваше на потегот.

За средношколец забивањево е врв

Се вика Тајлер Хадсон, дел е од средношколскиот баскет во САД и иако таму за секој втор се вика дека е голем талент, сепак детево е нешто повеќе. In your face.

Квалитетни виткања обрачи на Ол-стар турнирот во забивање

Можеби не толку спектакуларни како во изминатите години, но мошне квалитетни забивања видовме на синоќешниот турнир Slam Dunk Contest 2018.

Страшно средношколско забивање на годината во Америка

Запаметете го името Мак Мекланг. Игра за средношколскиот тим Гејт Сити кој во Америка го завикале Данк Сити. Мак покажа и зошто: