Врвно шоу, луди забивања и канонада тојки

Интересна втора вечер од Ол-стар викендот во „Јунајтед Центар“ во Чикаго. Публиката уживаше во разновидни вештини, во рафални шутеви за три поени и во спектакуларни забивања.

Да тргнеме од почеток:

Бем Адебајо од Мајами е победник во конкурсот за најдобри вештини. Адебајо сезонава во просек дава 1 од 11 обиди за три поени, а на турнирот Skills Challenge погоди 3 од 6 обиди.

Во финалната рунда на крај Адебајо се натпреваруваше со Домантас Сабонис - двајцата беа највисоки и најтешки учесници и интересно е како беа повешти од Џејсон Тејтум и Спенсер Динуиди (двајца претходни шампиони во ова Ол-стар натпреварување).

Адебајо од старт брзо го претрка Литванецот, но Сабонис-помладиот имаше шанса да победи кога Бем ги утна првите два обиди за три. Но ниту Литванецот не е врвен тројкаш (годинава има 13 од 58 обиди) па Адебајо успеа да стигне до наградата.

ТУРНИРОТ ВО НАЈДОБРИ ТРОЈКАШИ

После вештини, стигна конкурсот за тројкаши на кој првпат во историјата немаше ниту еден играч кој претходно играл на Ол Стар мечот. Двајца од учесниците ќе дебитираат на Ол-Старот мечот во недела кон понеделник после полноќ - тоа се Јанг и Букер.

На крајот победи кошаркарот на Сакраменто Кингс, Бади Хилд.

Интересно, Трае Јанг кој сосема неочекувано доби повик за главната вечер на Ол Стар мечот имаше лоша шутерска вечер и испадна уште во првата рунда со најлош резултат.

На крај останаа Девин Букер кој непланирано се најде во конкурсот откако Демијан Лилард се повреди па го викнаа како замена.

Во финалето Бади Хилд и Букер имаа по 27 поени. На крајот решавачки беше последниот замав на Хилд:

Како помина финалето во атрактивниот турнир за најдобри забивања

16 февруари 2020 - 11:12