НБА суперѕвездата што се вљуби во Јувентус

Донован Мичел, лидерот на Јута Џез и предводник на американската кошаркарска репрезентација на Мундијалот во Кина, пред неколку месеци имаше помалку чуден твит. Се заиграл фудбалче на Х-бокс и почнал да игра со Јувентус, ама како што новата ФИФА2019 доби забрана да го користи името на италијанскиот гигант кој потпиша договор со конкурентот PES, така Мичел не можел да го најде Јуве меѓу клубовите.

Ама еве како мислел дека се вика трофејниот клуб кој му прираснал за срце:

Откако навивачите во коментарите го исправија, брзо сфатија дека Мичел направил ненамерна грешка. Тој во меѓувреме освен што гази по НБА паркетите, и натаму прати што прави неговиот Јуевентес, а синоќа пред мечот со Милвоки Бакс, се појави и со дрес кој го доби од италијанскиот шампион на поклон:

 

26 ноември 2019 - 11:52