Двајца кошаркари на Лејкерс, еден на Бостон Селтикс позитивни на вирусот

Од ЛА Лејкерс соопштија дека двајца играчи од нивниот ростер биле позитивни на тестирањата, само неколку часа откако четири играчи на Нетс, последниот противник на Лејкерс биле позитивни.

Големиот фаворит за титулата сезонава во НБА, ЛА Лејкерс последниот меч од лигата пред прекинот, го играа против Бруклин Нетс. Откако беше објавено дека четворица играчи на франшизата од Њујорк меѓу кои и Кевин Дурент, Лејкерс пратил на тестирање свои играчи, вработени во клубот и во стручниот штаб.

Франшизата од Лос Анџелес го задржала правото на приватност на заразените кошаркари.

„По потврдата дека четворица кошаркари на Нетс се позитивни и со оглед на тоа што нашите играчи играа против Бруклин на 10 март, добивме совети нашиот ростер да биде подвргнат на тестирања.

Двајца играчи беа позитивни, и двајцата немале симптоми од каков било тип, тие веќе беа во карантин и во близок контакт со тимските лекари. Од сите играчи и членови на екипата побаравме да продолжат да го почитуваат авто-карантинот и од дома да ги следат препораките од властите, да ја следат својата физичка состојба, да останат во контакт со екипата. Наш приоритет останува здравјето и добрата состојба на нашите играчи, на стручниот штаб и навивачите и благодарни сме за поддршката од сите страни“, стои во соопштението на Лејкерс.

Во НБА лигата први пријавени случаи за позитивност на тестирањата беа Руди Гобер и Донован Мичел од Јута Џез. После нив Бруклин Нетс пријави дека има 4 играчи позитивни на вирусот меѓу кои и Кевин Дурент. Во меѓувреме бекот на Селтикс Маркус Смарт објави дека бил позитивен:

20 март 2020 - 11:05