Таг: нба лига

Да го видиш Никола Јокиќ како игра на свадба

Еден од најдобрите центри во НБА во изминативе пар сезони, српскиот репрезентативец Никола Јокиќ се оженил во својот роден град Сомбор со својата долгогодишна девојка Наталија. Отвориле со хитот на Ѓорѓе Балашевиќ, а „Џокер“ игра во голем стил како против најголемите ѕвезди во НБА лигата.

Двајца кошаркари на Лејкерс, еден на Бостон Селтикс позитивни на вирусот

Од ЛА Лејкерс соопштија дека двајца играчи од нивниот ростер биле позитивни на тестирањата, само неколку часа откако четири играчи на Нетс, последниот противник на Лејкерс биле позитивни.

Поради два-три збора на менаџерот на Хјустон за Хонг-Конг, Кина влезе во војна со НБА

Додека неколку НБА франшизи периодов го освојуваа азискиот пазар и одиграа неколку пријателски средби таму, генералниот менаџер на Хјустон Рокетс напиша нешто за правата на Хонг-Конг и го навлече гневот на Кинезите.

Фил Џексон и Стив Кер пушеле марихуана како терапија

Пред неколку дена тренерот на Голден Стејт, Стив Кер отворено зборуваше дека во играчките денови во Чикаго Булс конзумирал марихуана со цел да ги намали неподносливите болки во грбот. Трева пушел и легендарниот Фил Џексон.