Историски мега трипл дабл на Лука Дончиќ

Балканското шоу во НБА лигата не запира, благодарение на сè подобрите Јокиќ и Дончиќ кои прават растур систем и постигнуваат бројки за историја. Словенецот ноќеска се надмина себе си.

Лука Дончиќ ги помести границите во НБА и стана прв играч во историјата кој успеал да запише минимум 60 поени и 20 скока.

Словенецот го заврши мечот против Њујорк со неверојатни 60 поени 21 скок 10 асистенции и шут од игра 21/31.

За него ова 53-ти трипл-дабл во кариерата. Никола Јокиќ има 83.

Никси ја имаа победата в раце и успеаа да ја прокоцкаат и покрај водство од +9 на 26 секунди до крај.

Вистинската драма се случи на крајот кога останаа уште 4 секунди од мечот, а Дончиќ застана на линијата за слободни фрлања.

Њујорк водеше со 3 поени разлика, а тој го погоди првото, намерно го промаши второто и успеа да оствари офанзивен скок и да поентира за израмнување 115:115, за на крајот Далас да слави со 126:121.

Пред само два дена Дончиќ стана втор играч во историјата на Далас покрај Дирк Новицки со минимум 50 поени на повеќе од еден натпревар.

Сезонава има просек од 32,8 поени, 8,3 скока и 8,7 асистенции по натпревар.

28 декември 2022 - 11:19