Во растојание од неколку часа, Лука Дончиќ одигра две симултанки и беше главен автор на победите на неговиот Далас. Синоќа против ЛА Лејкерс, а во саботата вечер против Хјустон.
Претходно, со партијата против „ракетите“ пред две вечери, Дончиќ беше на само поен од неговиот личен рекорд од 10 февруари 2022-ра кога постигна 51 поен против ЛА Клиперс.
На дуелот со Рокетс, словенечкиот репрезентативец за 42 минути постигна 50 поени! Со тоа на само 23 години стана единствен играч во клупската историја на Далас Маверикс покрај Дирк Новицки со повеќе од еден натпревар на кој дал најмалку 50 поени.
А синоќа Лука одново издоминира.
Иако Лејкерс водеше на полувреме, Маверикс во третиот период направи страшна серија од 51 постигнат и 21 примен кош. Дончиќ беше најефикасен со 32 поени, 9 скока и 9 асистенции, а супер партија пружи и Вуд со 30 поени, 8 скока и 7 асистенции. Поддршка имаа и од Хардавеј кој уфрли 26 поени со 6 скока.
Luka caught 'em with the fake 😮💨 pic.twitter.com/Jue01aOyqK
— NBA TV (@NBATV) December 25, 2022
No-look Luka 🔥🪄 pic.twitter.com/i1Uy1Og2jW
— NBA TV (@NBATV) December 25, 2022
Кај Лејкерс најдобар поентер беше Леброн Џејмс со 38 поени, 6 скока и 5 асистенции, а Расел Вестбрук додаде 17 поени со 5 скока, Ривс 16 поени.