Дончиќ и Далас настрадаа поради лудачки кош со звукот на сирената

Нова маестрална партија на Лука Дончиќ кој се чинеше дека го реши Кливленд со убава асистенција во финишот вредна победа. Но овој пат играч од спротивниот табор се претвори во Дончиќ и цела сала ја фрли во делириум.

Доминацијата на Дончиќ изразена со одлични 45 поени, 14 асистенции и 9 скока оди во сенка на херојот на Кливленд Кавалирс, Макс Струс кој на 2,6 секунди до крај погоди тројка од паркинг за победа.

Струс ја заврши средбата со 21 поен, 4 скокови и 4 асистенции и тоа сите поени ги постигна од линијата за тројка или вкупно седум.

Драмата почна кога на семафорот стоеше 3 минути 45 секунди до крај.

Далас тогаш водеше 110:100, но Струс до крај одлепи со пет тројки, од кои првите четири ги постигна за период од неверојатни 68 секунди и на крај уште една од своја половина.

Лудата тројка за победа преку Дончиќ

Петте клучни тројки

Последните 5 минути од средбата

28 февруари 2024 - 08:50