Сè почна од акцијата на Далас Маверикс кој на 25 секунди до крај со предност од три поени разлика и без повредениот Дончиќ, имаше напад за победа.
Но гостите се одбранија, а потоа следуваше хаотичен последен напад во кој Леброн непотребно избрза и промаши тројка од тешка позиција, па двајца играчи на Далас скокнаа по топката, ја имаа, ја загубија, а од тоа профитираше Вејн Елингтон кој со тројка извади продолженија (93:93).
Останаа две секунди и за домаќините, но не успеаа да вратат и да победат со обид за три поени.
Брканиците продолжија во последната минута од продолженијата во која двете екипи погодија вкупно четири тројки, по две на двете страни.
Херојот на вечерта, се разбира беше тој што ја погоди последната и тоа на 0,9 секунди до крај. Тоа е Остин Ривс, за победа на Лејкерски од 107:104 и за големо славје на гостите.
23 годишниот Ривс постигна вкупно 15 поени и тоа сите од линијата за три. Леброн Џејмс имаше 24, а Расел Вестбрук 23 поени, 10 скока и 9 асистенции.
Кај поразениот тим најдобри поединци беа Џејлен Брансон со 25 поени и Кристапс Порцингис со 23 поени и 12 скока.
Тројката на Остин за победа
Славјето во соблекувална
Целата драма спакувана во 4 минути
Ако ви беше малку оваа лудорија, преминете на Оклахома Сити Тандер - Њу Орлеанс Пеликанс.