Најлуда завршница во НБА сезонава, кош од пола терен, па кош од 19 метри
Човек и да сакал да направи драма во финишот на мечот Оклахома Сити Тандер - Њу Орлеанс Пеликанс не би можел да го изрежира тоа што се случи. Шеј Гилџус Александар гаѓа тројка од пола терен на 1,4 секунди пред крајот за израмнување 110-110. Во последен момент топката ја зема Девонте Грахам од гостинската екипа на Пеликанс и се случува циркус.