Таг: њу орлеанс пеликанс

Најлуда завршница во НБА сезонава, кош од пола терен, па кош од 19 метри

Човек и да сакал да направи драма во финишот на мечот Оклахома Сити Тандер - Њу Орлеанс Пеликанс не би можел да го изрежира тоа што се случи. Шеј Гилџус Александар гаѓа тројка од пола терен на 1,4 секунди пред крајот за израмнување 110-110. Во последен момент топката ја зема Девонте Грахам од гостинската екипа на Пеликанс и се случува циркус.

Душманско куцање на месецот во НБА

Њу Орлеанс го совлада ЛА Клиперс 135-115. Прв стрелец ѕверот Зајон Вилијамсон со 27 поени, 5 асистенции и 2 скока. Ѕвезда на вечерта младиот Џексон Хејс кој го залепи на постер Реџи Џексон.

Ова ќе биде весело - Зајон дебитираше во НБА

Конечно дочекавме. После долго време како Твитер и Инстаграм беа преполни со видеа од неверојатниот средношколец Зајон Вилијамсон, конечно светот го виде овој кошаркар на дебито во НБА. Даде 22 поени од кои 17 за три минути.

Во НБА има нов сериозно јак ѕвер

Првиот пик на овогодинешниот драфт, Зајон Вилијамсон (19), феноменот од Универзитетот Дјук кого го потпиша Њу Орлеанс Пеликанс, почна да го докажува квалитетот. Висок е 1,98 а тежок 129 килограми а невообичаено подвижен и флексибилен за таа тежина. Во пред-сезоната Пеликанс синоќа ја совладаа Атланта 133-109 а Зајон имаше 16 поени (6/13 за 2, 0/2 за 3 и 4/7 од слободни), 7 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки за 27 минути и 49 секунди на паркетот.

Највисоките тополи во НБА денес

На времето знаевме за Романецот Мурешан кој со своите 2,34 беше највисокиот кошаркар кој играл во НБА лигата. Денес нема толку, но има приближно високи кошаркари во најдобрата лига на светот.

Шекил без панталони во студио, Кари ќе погоди и со машина за перење

Минатата и тековната недела донесоа доста необични моменти во најдобрата светска кошаркарска лига.

Математички преглед на НБА плејофот

Започна НБА плејофот во кој 16 франшизи ќе се борат за трофејот Лери О’Брајен. Статистичарите во САД за таа прилика подготвија графика на реалниот минус и плус на секој поединечен тим и играч во доигрувањето.

Атланта во плејоф против Бруклин, испаднаа Вестбрук и Индијана

Кошаркарите на Бруклин Нетс и Њу Орлеанс го фатија последниот воз за плејофот на крајот од регуларниот дел од НБА лигата. Хрватот Бојан Богдановиќ со личен рекорд во НБА го одведе Бруклин во плејофот.

Лос Анџелес се радуваше два пати, Антиќ повторно двоцифрен

По рекордната партија против Оклахома, Перо Антиќ и вчера одигра одличен меч против Сан Антонио Спарс. Како ретко кога сезонава, во иста вечер победи во НБА славеа и Лејкерс и Клиперс.

Тежок пад на Ентони Дејвис при забивање

Еден од најдобрите крилни центри во НБА лигата, Ентони Дејвис го повреди своето раме кога заби за време на дуелот меѓу Њу Орлеанс и Чикаго Булс. На крајот Пеликаните го загубија натпреварот 107:72. Победи славеа уште и Далас, Филаделфија, Голден Стејт, Вашингтон, Милвоки и Јута.

Њу Орлеанс ја прекина серијата на Атланта Хокс

На осум натпревари во НБА лигата синоќа, најинтересно беше во Њу Орлеанс, каде домашните кошаркари ја прекинаа низата од 19 победи на Атланта, откако ја совладаа 115:100. Кливленд стигна до 11. победа по ред.

Заврши победничката серија на Атланта

По серијата од пет победи, Атланта Хокс загуби од Њу Орлеанс.

Антиќ солиден во поразот на Атланта

Кошаркарите на Атланта Хокс го забележаа вториот пораз на третиот претсезонски натпревар, а Перо Антиќ имаше учинок од шест поени.