Математички преглед на НБА плејофот

Започна НБА плејофот во кој 16 франшизи ќе се борат за трофејот Лери О’Брајен. Статистичарите во САД за таа прилика подготвија графика на реалниот минус и плус на секој поединечен тим и играч во доигрувањето.

РПМ (Реалниот плус/минус) е смислен од Џеремаја Енгелман, поранешен кошаркар на Феникс Санс. Графичкиот систем го покажува поединечниот учинок на секој НБА кошаркар и ефектите кои тој кошаркар ги има кон своите соиграчи и противници додека е на паркетот.

Тренерот на Чикаго Булс, Том Тибоду неодамна изјави дека неговиот резервен играч Таџ Гибсон треба да биде избран за Шести играч на годината, затоа што играл одлична одбрана, шутирал, чувал секого од противниците и трчал максимално. Гибсон практично му помогнал на тимот да победи со малите работи што никогаш ги нема во табелата за учинок.

Одговор на тоа дава статистичката метрика РПМ која го покажува логичниот плус/минус. Ако една екипа води додека еден играч е на теренот, тој допринесува за тоа иако нема големи бројки на своето конто. Минусот го покажува учинокот на играчот додека неговиот тим е во резултатска негатива.

Од голема помош во пресметката на РПМ се и четирите фактори: Шутот, поените од контра, скоковите и слободните фрлања.

Како изгледа рангирањето на НБА тимовите по завршувањето на регуларниот дел. На табелата се пресметани дефанзивниот, офанзивниот како и тоталниот рејтинг на тимовите.

Рејтингот на играчите според нивниот учинок. Пресметани се бројот на одиграни натпревари, минутите во игра како и офанзивниот и дефанзивниот рејтинг:

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Голден Стејт Вориорс - Њу Орлеанс Пеликанс

Според РПМ, шансите Воините да го освојат првенството се 47%, додека на Пеликанс им се дава 1%. Секој тим е предводен од еден од најдобрите кошаркари во лигата. Кај ГС Вориорс тоа е Стефон Кари, а кај Њу Орлеанс тоа е Ентони Дејвис.

Зошто тогаш на Голден Стејт му се даваат 92% да оди понатаму? Затоа што Кари е подобар од Дејвис и има подобри соиграчи, а Драмонд Грин, главниот кандидат за дефанзивец на годината има подобар РПМ од Ентони Дејвис.

Според РПМ статистиката, резервниот играч на Голден Стејт, Андре Игудала би бил вториот најдобар играч на Пеликанс.

Хјустон Рокетс - Далас Маверикс

Во дуелот на главниот кандидат за МВП и поранешниот освојувач на оваа награда, Џејмс Харден беше поуспешен од Дирк Новицки во првиот меч. Според Реалниот Плус-Минус, „Брадата“ е најдобар играч во НБА во моментов.
 
Со Харден во екипата, на Хјустон му се даваат 66% да го мине Далас. Процентот е зголемен по враќањето на Двајт Хауард со кого Рокитс имаат дефанзивна оцена од +3,2. Маверикс одлична ја стартуваа сезоната, но по Ол-Старот имаа учинок од 14 победи и 13 поразо.
 
Според рангирањето на порталот 538, Мавси се најслабиот состав од Западот кој игра во плејофот, послаби дури и од осмиот Њу Орлеанс Пеликанс.

 

ЛА Клиперс - Сан Антонио
 
Со последното рангирање на 558, Спарс и Клиперс се вториот, односно четвртиот тим на листата и како такви го сочинуваат најважниот пар во плејоф натпреварите.
 
Бранителот на титулата, САС влезе во плејофот како шестопласиран на Западот. Да победеа во последното коло против Пеликанс минатата среда ќе беа втори. Сепак, и покрај тој пораз, Спарси имаа учинок од 21 победа и само 4 порази на последните 25 натпревари од регуларниот дел.
 
Најголемо изненадување во составот на Спарс е Кавај Леонард. Со него во составот, Сан Антонио има учинок од 46 победи и 18 порази. Според Реалниот Плус/Минус, Леонард сезонава има оцена 8,35 и е второпласиран зад Стеф Кари. Од друга страна, Клиперс победија на 56 од 57 натпревари во ерата на Крис Пол и Блејк Грифин.
 
Метриката во моментов му дава на Сан Антонио 53% од шансите за пласман понатаму и дури 12% да ја освои лигата. Клиперси се четврти според метриката со 8% шанси да го освојат прстенот.
 

Атланта Хокс - Бруклин Нетс
 
Бруклин Нетс нема да го освојат првенството. Барем не според 10.000 симулации на плејоф статистиките. Нетси имаат само 10% шанси да ја минат првата рунда против Атланта Хокс. Нетси се рангирани на 22 место според метриката на порталот 538.
 
Атланта одигра рекордна сезона со 60 победи и покрај повредата на Табо Сефолоша во плејофот влезе со тимска оцена од +2,9 поени. Хокси поведоа 1-0 во серијата и веќе се видени во следната рунда.