Атланта во плејоф против Бруклин, испаднаа Вестбрук и Индијана

Кошаркарите на Бруклин Нетс и Њу Орлеанс го фатија последниот воз за плејофот на крајот од регуларниот дел од НБА лигата. Хрватот Бојан Богдановиќ со личен рекорд во НБА го одведе Бруклин во плејофот.

Атланта Хокс прокоцка 18 поени предност на гостувањето во Чикаго, каде Булси предводени од Арон Брукс славеа 91:85. Џими Батлер даде 21 поен, Гасол додаде 18 со 13 скокови за негов 54 дабл-дабл во кариерата. Со овој триумф, Чикаго го обезбеди третото место на Истокот и во првата рунда од плејофот ќе играат против Милвоки Бакс.

Од друга страна, Денис Шродер со 21 поен беше најефикасен кај Хокси, Ал Хорфорд уфрли 14 поени со седум скокови. Перо Антиќ за 16 минути на паркет, имаше 3 поени и пет скокови. Јастребите го пречекуваат Бруклин во првото коло од плејофот во сабота.

Неизвесната вечер на Западната конференција им припадна на кошаркарите на Њу Орлеанс, кои го совладаа Сан Антонио 108:103 и така чекираа карта за плејофот пред Оклахома Сити, на која не ѝ помогна триумфот над Минесота со убедливи 138:113.

Во најважниот натпревар во кариерата, Ентони Дејвис (21) уфрли 31 поен со 13 скокови и беше најзаслужен што Њу Орлеанс ќе игра во плејофот за прв пат од 2011. година.

Ол-Стар играчот Дејвис имаше голема поддршка од Тарик Еванс кој запиша 19 поени и 11 асистенции и Ерик Гордон со 14 поени за Орлеанс. Кај Спарси, најефикасен беше Тони Паркер со 23 поени, Борис Дијао додаде 20, а Тим Данкан 15 поени со 10 скокови. Сан Антонио ја прекина серијата од 11 победи по ред и паднаа на шестото место, поради победите на Хјустон и Мемфис синоќа.

Големо славје во соблекувалната на Њу Орлеанс:

 

Хрватот Бојан Богдановиќ беше најзаслужен што Бруклин го совлада Орландо 101:88 и се пласираше во плејофот пред Индијана Пејсерс која загуби од Мемфис Гризлис.
 
Богдановиќ уфрли 28 поени (12/17 од игра и 3/3 за три поени), а Џо Џонсон и Тадеус Јанг го завршија мечот со по 16 поени. Со ова победа, Бруклин закажа плејоф дуел со Атланта Хокс. Кај Орландо, Никола Вучевиќ беше прв стрелец со 26 поени и 11 скокови, Ендрју Николсон додаде 18 поени со 9 скокови.
 
Рекордни 28 поени на Богдановиќ:
 
ТОП10 потези во последното коло од НБА:
 
НБА резултати последно коло:

Филаделфија – Мајами 101-105
Торонто – Шарлот 92-87
Бруклин – Орландо 101-88
Чикаго – Атланта 91-85
Кливленд – Вашингтон 113-108 (по прод.)
Далас – Портланд 114-98
Хјустон – Јута 117-91
Милвоки – Бостон 100-105
Минесота – Оклахома 113-138
Њу Орлеанс – Сан Антонио 108-103
Њујорк – Детроит 90-112
Мемфис – Индијана 95-83
ЛА лејкерс – Сакраменто 99-122
Голден стејт – Денвер 133-126.
 
Парови во плејофот:

ИСТОК 

Атланта – Бруклин
Кливленд – Бостон
Чикаго – Милвоки
Торонто – Вашингтон

ЗАПАД
Голден стејт – Њу Орлеанс
Хјустон – Далас
ЛА клиперс – Сан Антонио
Портланд – Мемфис