Атланта Хокс доживеа висок пораз на загреваето пред почетокот на новата сезона во НБА лигата. Овој пат тие загубија со 32 разлика од Њу Орлеанс Пеликанс (105:73).
Целиот тим на Атланта имаше лоша шутерска ноќ и беа и надскокани од противникот, а поразот се надзираше уште по првата четвртина кога губеа со 16 разлика.
Перо Антиќ одигра 15 минути за кои имаше учинок од 6 поени (2/3 за 3) и 2 скока. Најдобар во тимот на Атланта беше Ал Хорфорд со 21 поен, а најефикасни во победничкиот тим беа Дејвис со 23 и Андерсон со 20 поени.
Следниот натпревар на Атланта е дуелот со Сан Антонио Спарс кој ќе се одигра во четврток.