Кошаркарот на Пеликанс, Зајон Вилијамсон стана првиот играч во историјата на НБА кој постигнал 4/4 за три на дебитантски меч (има многу добра механика во шутот за три, топката оди ниско).
На средбата со Спарс (117:121), 1 пик на драфтот 2019 собра 22 поени за 18 минути на теренот (8/11 од игра). Дури 17 поени даде за само 3 минути.
Zion Williamson is the 1st player in @NBAHistory to shoot 4-4 (or better) from 3-point land in a NBA debut. pic.twitter.com/6wj8a2vUON
— NBA.com/Stats (@nbastats) January 23, 2020
Зајон долго време, цели три месеци не играше поради повреда (скинат менискус на десното колено) и пропушти огромен број натпревари сезонава. Се опоравуваше со месеци. Дури во декември почна со лесни тренинзи а во полн тренажен процес влегол само во јануари.
Толку многу ги импресионираше навивачите на дебито што му скандираа MVP уште на првиот меч во кариерата во НБА. Фантастичните партии на Ламаркус Олдриџ (32 поени, 13 скока) и Лонѕо Бол (12 асистенции) останаа во сенка на Зајон. Њу Орлеанс знае дека доби прејак играч кој полека треба да влегува во форма.
Zion Williamson finds Ingram for the slam pic.twitter.com/alT5OkdcCR
— The Render (@TheRenderNBA2) January 23, 2020
Zion's first NBA bucket! pic.twitter.com/fmWAFsCgU7
— New Orleans Pelicans (@PelicansNBA) January 23, 2020