Првиот пик на овогодинешниот драфт, Зајон Вилијамсон (19), феноменот од Универзитетот Дјук кого го потпиша Њу Орлеанс Пеликанс, почна да го докажува квалитетот. Висок е 1,98 а тежок 129 килограми а невообичаено подвижен и флексибилен за таа тежина. Во пред-сезоната Пеликанс синоќа ја совладаа Атланта 133-109 а Зајон имаше 16 поени (6/13 за 2, 0/2 за 3 и 4/7 од слободни), 7 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки за 27 минути и 49 секунди на паркетот.