Американските медиуми специјализирани за кошарка одново ја плетат приказната како на времето за Леброн Џејмс, кој уште недебитиран во НБА беше претставен како „ѕвер над ѕверовите“. И така и беше. Леброн остави сериозен траг во најдобрата кошаркарска лига на светот.
Сега такви најави има за Зајон Вилијамсон, младиот прв пик на драфтот летово, кој под свое го земаа Њу Орлеанс Пеликанс.
Зајон доаѓа од КолеџотДјук. Последните мерења за време на летната лига покажале дека има 198 сантиметри и дури 128 килограми, што го прави вториот најтежок играч во цела НБА.
Прв е српскиот гигант Бобан Марјановиќ кој има 131 килограм но пред се поради митолошката висина од 2,21 сантиметар.
Легендата Чарлс Баркли, кој стана МВП во 1993 година вели дека Зајон не изгледа дебело на прв поглед, но дека мора да ја намали драстично тежината, ако сака да игра на ниво. Нема да може да игра со таа тежина, тоа е преголем стрес за неговите колена. Тој е толку голем и јак, ама секој во НБА е голем и јак.