Перо Антиќ одигра речиси шест минути и не се запиша во листата на стрелците, имаше една загубена топка и една блокада. Ентони Дејвис со 29 поени и 13 скокови ги предводеше Пеликанс до важен триумф над Атланта. Хокси губеа во целиот натпревар и не добија ниту една четвртина. Ентони Гордон постигна 20 поени и седум асистенции. Кај Јастребите, Џеф Тиг со 21 поен и седум асистенции беше најрасположен за игра, Пол Милсап уфрли 15, а Кајл Корвер 12 поени.
Тоа беше воедно и шеста победа на последните седум средби на Њу Орлеанс, кој сега има 26:22 и е осми на Западот. Атланта во среда го пречекува Вашингтон на свој терен, а веќе во петок игра дерби на сезоната против Голден Стејт Вориорс.
Ентони Дејвис го „излепи“ Џеф Тиг:
Сите поени на Ентони Дејвис:
Кливленд Кавалирс стигна до 11. победа во низа, овој пат против Филаделфија 76ерс во Охајо. Повторно доминираше тандемот Леброн Џејмс-Кајри Ирвинг, кои заедно постигнаа 42 поени и имаа 16 асистенции. Екипата на Дејвид Блат сега има учинок 30:20.
Леброн Џејмс го заврши мечот со дабл-дабл учинок од 18 поени и 11 асистенции, а Ирвинг беше најефикасен со 24 поени и по пет асистенции и скокови. Гостите од Филаделфија го претрпеа 39. пораз во сезоната, а кај нив најмногу се истакнаа Роберт Корвингтон и Џерами Грант со по 18 погодоци.
Кајри Ирвинг кршеше зглобови и кичми:
РЕЗУЛТАТИ, НБА:
Кливленд - Филаделфија 97:84
Вашингтон - Шарлот 88:92
Бруклин – Л.А. Клиперс 102:100
Торонто – Милвоки 75:82
Њу Орлеанс - Атланта 115:100
Оклахома - Орландо 104:97
Далас - Минесота 100:94
Феникс - Мемфис 101:102