Рој Хиберт (ЛА Лејкерс) - 2,18
Пред пар години, Хиберт беше еден од најдобрите одбранбени играчи во лигата. Во последните две сезони потполно се изгуби и сега е во проблем со очајниот Лејкерс.
Алексис Аженса (Њу Орлеанс) - 2,18
Аженса е стандарден во Пеликанс, но поради повреда сезонава играше малку, па така му се намали и индексот на корисност.
Сала Межри (Далас) - 2,18
Тунискиот кошаркар пред Маверикс играше во Реал Мадрид. Се прилагоди во САД и НБА лигата и стана миленик на тексашката публика. Межри не игра многу, но сезонава стана популарен откако по едно забивање против Сан Антонио му се сврте на Грег Поповиќ и нешто му искоментира.
Тибор Плајс (Јута Џез) - 2,21
Висината на германската "топола" не му е доволна да му се наметне на конкурентот за место во составот, Руди Гобер.
Кристапс Порзингис (Њујорк Никс) - 2,21
Сензационалниот дебитант во лигата сезонава ја купи публиката не само со шутот од дистанца туку и со атрактивните забивања. Европскиот гигант летово го чекаат настапи за репрезентацијата на Летонија во рамките од квалификациите за Олимпијадата во Рио 2016-та.
Валтер Тавареш (Атланта) - 2,21
Кога кај Спарси се појави Бобан Марјановиќ, Источната конференција едноставно беше должна да најде некој што ќе му парира, така што „Спарси од Истокот“, Атланта потпиша со гигантот Тавареш.
Бобан Марјановиќ (Сан Антонио) - 2,21
Србинот не се наигра многу сезонава, но имаше пар натпревари на кои ја искористи висината поради која и беше донесен во САД.
Сим Булар (Д-лига, развојната лига на НБА) - 2,26
Првиот индиски кошаркар во НБА се докажува во развојната лига со цел да потпише нов договор со некоја НБА франшиза.