Лос Анџелес се радуваше два пати, Антиќ повторно двоцифрен

По рекордната партија против Оклахома, Перо Антиќ и вчера одигра одличен меч против Сан Антонио Спарс. Како ретко кога сезонава, во иста вечер победи во НБА славеа и Лејкерс и Клиперс.

Во дербито на вечерта, ЛА Клиперс го совладаа Њу Орлеанс 107:100. Иако го имаа најефикасниот играч на средбата, Ентони Дејвис со 26 поени, 12 скокови и 5 асистенции, Пеликанс загубија во Лос Анџелес. Блејк Грифин со 23 и ДеАндре Џордан со 12 поени беа најзаслужни за новата сезонска победа на ЛА Клиперс.

Порано вчера бранителот на титулата, Сан Антонио беше пресилен за Атланта Хокс и ги победи Јастребите на гости 114:95. Тиаго Сплитер со 23 поени и Кавај Ленард со 20 поени, 10 скокови и 7 асистенции ги предводеа Спарси. Одличен беше и Борис Дијао со 17 поени, од кои 15 постигна во третиот период.

Кај Хокси, Пол Милсап уфрли 22 поени, а Денис Шродер додаде 18. Перо Антиќ игра во фантастична форма и на Спарси им даде 11 поени со 3 скока и 2 украдени топки за помалку од 18 минути на теренот.

Џереми Лин го одигра најдобриот натпревар сезонава и со 29 поени, 5 скокови и 5 асистенции го предводеше Лејкерс до триумф над Филаделфија. Со оваа победа, Лејкерс има триумф повеќе од вчерашниот противник.

РЕЗУЛТАТИ:
Оклахома – Мајами 93-75
Атланта – Сан Антонио 95-114
Милвоки – Кливленд 90-108
Торонто – Њујорк 106-89
ЛА Клиперс – Њујорк 107-100
Бостон – Детроит 97-105
Сакраменто – Вашингтон 109-86
Орландо – Денвер 100-119
Минесота – Шарлот 98-109
Феникс – Далас 98-92
ЛА Лејкерс – Филаделфија 101-87

23 март 2015 - 10:07